Барав ваква тема но не најдов. Не е за лични тренери во теретана туку онлајн менторство и водство. А не е од скоро, од ковидот наваму се појавија многу онлајн фитнес тренери на Балканот. Прво почнаа србите, еве сеа и нашите. Секој ден никнува ново тренерче. Не зборувам овде за овие како Ана Стојанова, Бубало, и овие сличните што продаваат програми. Зборувам за овие што работат индивидуално со секој клиент на база на консултации, а воедно споделуваат и бесплатни совети, снимаат reels итн. Како Dushan eternal fit. Јас прво го сметав тоа за bullshit, меѓутоа се повеќе ми се допаѓа тој концепт, да не морам во теретана, да можам и дома бидејќи сум презафатена. Или да одам во теретана кога сакам а не да сум под термин кој му одговара на личниот тренер туку едноставно некој да ме води низ процесот, но според мој распоред и мои можности. Бидејќи сум моментално со бебе,без распоред, без никаков ред. Кога се наоѓа некој да чува бебе тркнувам до теретана на тренинг, или дома правам тренинг со тежини. Фала Богу имам вежбачки стаж, си ги знам вежбите, само ми треба некој тоа да ми го склопи и среди. Освен вежбите гледам даваат целокупна исхрана според тоа што сакам и можам да јадам со израчунати калории. А сега ми се појави еден што дава и снимени вежби како база, тој ги објаснува и ти испраќа склопени тренинзи за тебе. Какви се вашите искуства ?
Немам искуство со онлајн тренер, но можеш да ја ѕирнеш Evolve уou апликацијата. Има повеќе видови програми со цели тренинзи и за дома и за теретана, во зависност што и колку сакаш да вежбаш и која ти е целта. Ми се свиѓа и тоа што внесуваш и со која килажа вежбаш па на секои 2 недели те потсетува да пробаш со поголема тежина Исто така има и дел за исхрана од самата програма каде можеш да избираш од нивните предлог оброци со пресметани калории и макроси, или па да си внесиш свои и ти пресметува сѐ. Јас ги користам тренинзите веќе 2 месеци и ми се ок, конкретно програмата Strong на Krissy Cela
Фала на споделеното. Меѓутоа не сакам апликации, купени програми и сл. сакам баш тренер. И тоа машко преферирам. Ќе звучи ова лошо, ама ќе го кажам. Женскиве тренери ми се смешни. Повеќето се без вежбачки стаж. Секоја што е малце послаба а згодна тренер станува. Дел од нив со BBL изглед ... како бе да ми биде тренер 20-25 годишно девојче ? Што искуство има она, од каде знаење ? Од женски тренери само една признавам- Олгица Стојановска. Работев кратко со неа, меѓутоа сакам нешто next level сега. На инстаграм ми излегуваат многу потенцијални тренери. Не знам дали овде смееме да ги коментираме ?
Јас го следам некое време Мартин Гроздановски на инста, ми се допаѓа некако ама и јас од истите причини немам почнато се уште. Може некоја има искуство со него да сподели како функционира? Можам само за Ице ббф да ти кажам не, немам добро искуство, жена му па уште помалку.
Мартин е машина, не дека ми е пријател па го фалам, ама дечкото е врвен, топло го препорачувам. Слободно можете на неговиот сајт да ја прочитате неговата спортска сторија, бивш специјалец е чисто за инфо. https://mgfit.online/
Се осеќа тој адреналин, таа ʼагресијаʼ и преку видеата, сега ми е јасно од каде Има посебна енергија кај дечкото ама само го следам, никако да се јавам. Може знаеш дали има персонализирани тренинзи ама по договор?
Јас се познавам 18 години со Мартин, и гарантирам за резултати, ако се почитуваат правилата.Неговата енергија е врвна, јас имам неколку пати вежбано во последно со него, за 1 саат душата ке ја плукнев хахаха, но ова беше по мое барање секако Секако можеш по договор све со него, искача во пресрет за секој искрено, вежбањето му е живот во буквална смисла.
Не го знам тој Мартин. А за Ице ббф и јас имам слушано многу негативни искуства. Општо за однесување и начин на обраќање бил никаков, а вака за слабеење познавам жена што ослабна ама уште толкава стана потоа. И некако не бил флексибилен, мора тоа да јадеш, мора сега вака и вака. Не сфаќа изгледа дека ние не сме како него, он живее од фитнес и само тоа прави. Или пак има спремни планови за храна и не се замара за секој посебно. Ми се чини повеќе ова второво бидејќи стекна популарност и еве да штанца.
Вежбам долго време во теретана, јас сум немал потреба од тренер, но ако ти треба ко што гледам Паки е добар го фалат доста или Ангела Андоновска. Но ако јас се прашувам, би го избрал Паки, низ скопје доста се фалат од него.
Pakigram ? Toj e ? Ако е тој, го знам. Повеќе личи на life coach искрено. Многу убави мотивациски говори, се ок. Ама not my cup of tea. Женскава Ангела не ја ни знам, а не ни отварам да ја видам. Претпоставувам каква е. Времето ми тече. Од први јули морам да започнам со некој. Ако не најдам по саглам ќе морам пак со Олгица. Се мислам долго време за овој: https://www.markostojanovic.net/?fb...f4-ogPyAQYxKTjXOPs_aem_kymLxZ2ir3CA30nNsawvgQ србин е, ама харизматичен, плус образован во областа, плус искуство повеќегодишно. Цените му беа 100-150€. Ќе му пишам и ќе одлучам. Уствари на сите што ми фатија око ќе пишам, ќе ги ставам како линкови, па ако ги знаете или имате искуство пишете. Овaa Мила ја следам уште од ковидот, женска е, ама ми се допаѓа, а овие другиве ми ги кажаа некои кои работеле со нив. millasavich ^ми се допаѓа како тренира, јаки тренинзи како за женско. nikolafitnesstrainer ^ не го знам ама ми го спомна еден колега дека работел моментално со него и бил задоволен од соработката. Резултат уште немаме видено. olg1ca Работев со Олгица ама не ја бришам од листата. Добра беше, бев задоволна. Ама само мислев ако најдам подобар да се пријавам кај друг. Значи вкупно 4 се на мојата листа потенцијални тренери и сега и пишав и на Марија Нацева, ме потсети ти кога ми ја спомна оваа Ангела. Марија ја знам од времето пред да оди во Дубаи. Најјака беше од сите, машко да позавиди на мускулите. Знам дека во Дубаи работи како тренер, ама не знам дали и онлајн тера. Баш да видам што ќе каже. maria.naceva8 ви ја оставам тука да видите што е вежбач.
Утре е 1 јули. Јас веќе избрав и вчера се договорив со онлајн тренер. Па ќе пишам понатаму како ќе биде. Утре ќе уплатам и ќе почнам. Веќе ми испрати храна и вежби. За сега можам да кажам само дека ми се допадна на почеток пристапот, долго време зборувавме на телефон, си кажав што сакам, какви навики имам за храна и утврдивме неделни тренинзи.
Пакиграм води ли уште индивидуални програми? Знам дека има платформа но јас би повеќе 1 на 1 coaching.
Здраво девојки, сакам да ве прашам дали некоја има лично искуство со Пакиграм? Не е евтин, а знам многу луѓе незадоволни од Ице иако се претставува како најпрофесионален, па се мислам да не се слични… Не познавам никој со искуство кај Паки па многу би била благодарна доколку некоја сподели!
Погоре има пишано за него. Мене лично не ми се допаѓа. Колку е скап ? за Ице не треба коментар, премногу е влезен во филм. Колешка му пишала, не сакала да му праќа слики на долна облека, сакала облечена и без лице. Ја одбил. Јас моментално веќе два месеци плаќам на Марко Стојанович. Океј е, задоволна сум од се, ама нема да продолжам, скапо ми е. Ако не се одлучам за друг до први септември, ќе паузирам.
Јас го прашував Пакиграм пред нешто повеќе од 2 години, тогаш беше 16 000 за 3 месеци, но не се сомневам дека сега е уште поскап. Да, знам за Ице и жената од еден пријател не сакала да ја објавува, он пак ја објавил.. Наводно ако сакаш анонимна соработка плаќаш дупло од цената и пак те објавува но со скриено лице. Но искрено го пратам на инстаграм и немам најдобар впечаток за него општо како човек, додека Пакиграм е сосема друга приказна, многу ми изгледа на приземјен и човек со кој би била попријатна соработката. Прв пат слушам за Марко Стојанович, може да ми кажеш како ви се одвива соработката и повеќе инфо (цена, дали имаш персонализиран план за исхрана итн)? Очајно ми е потребен водич во фитнесов, долго време се трудам сама но сфатив дека мора некој барем неколку месеци да ми го покаже патот.
Марко е океј. Ама плаќам 200€, што реално е многу. Се излажав, демек како мотивација да ми биде што сум платила да бидам посериозна. После неколку месеци ќе ми намалел на 150€ месечно. Ама кај ми се суплементи, членарина во теретана, и сите пропратни трошоци. Барам некој до 100€ искрено. Тоа ми се чини реална цена. Соработката е океј. Се слушаме на вибер, праќам слики, контактирам на неделно ниво со него, во меѓувреме си прашувам, е сеа си чекам и одговори, не е цело време онлајн. Ама генерално сум задоволна, имам симнато 8 кг за 2 месеци. Флексибилен е, ми ја менуваше храната неколку пати затоа што не се разбравме убаво на почеток. И му реков дека нема да вежбам почетнички систем како што ми испрати. Тоа е комерцијалното нели, почнуваме со слаб интензитет, за подолго да ме држи како клиент, постепено да ми појачува. Ама одма му реков дека нема да може така, бидејќи не сум почетник. Трпелив е. Јас многу го гњавам.
200€ за еден месец? Работава плаќаш и после немаш пари за јадење, нормално дека ќе ослабнеш. Навистина се премногу на месечно ниво, настрана парите за теретана, јадење итн. не секој може да си дозволи. И после соработкава дали сметаш дека имаш доволно знаење за да си продолжиш да напредуваш сама? Мене ми е тоа целта искрено, да се научам понатака сама да си се водам. Извини ако те нападнав со прашања.
Јас знаење имам од претходно. Ама немам рутина, немам водство и мотивација. Пишав и погоре. Платив за некој друг да се замара, наместо мене. Како помлада кога немав пари сама истражував, читав и многу научив. Сум правела драстични трансформации без ничија помош. Меѓутоа сега сум презафатена, ако треба се сама да правам ќе се откажам. Вака кога некој ќе ми пресмета, напише и ќе ме води, некако поопуштена сум. Мое е само да спремам храна и да ставам на вага пред да јадам. Ако сум без тренер треба сама да пресметувам калории, грамажа, па после некое време кога ќе влезам во стагнација, пак се одново. Макотрпно е и немам енергија сега за тоа. Плус заборавив да спомнам имам повреда на колено, вака на тацна ми се дадени вежби како физикална терапија и само следам насоки.
Многу тешко да најдеш некој до 100€ месечно меѓутоа јас ја препорачувам Кристина Недел (жената на Адам Атлета) јас вежбав со неа и ми даваше исхрана и ослабев доста, си фатив и рутина од тогаш во теретана, иако сега вежбам кај Бубало ми даде супер основа за понатака. Какошто памтам во 2023 плаќав 7.000 денари за исхрана и тренинг 3 пати неделно со неа во теретана. Пиши и' па ќе видиш каков впечаток ќе ти даде и какви и' се цените сега.