Јас од оваа страна пробав да нарачам,имам виза интернет картичка од Стопанска банка,и кога требаше да ја финиширам нарачката и да платам за жал не беше возможно преку таа картичка,контактирав со операторите и ми рекоја дека за македонија може да се уплати само преку Western Union..а со каква картичка се врши плаќањето на оваа страна,има доста поволни работи па вреди да се проба Добро би било некој што нарачал да објасни со каква платежна картичка уплатил.Поздрав
Може мислењето не е соодветно за оваа тема, сепак е во Категорија > Убавина и мода > Мода и стил, али уназад видов сличен коментар, па ајде и јас. Ми треба веб-страна за порачување книги. Оној сличниот коментар шо го спомнав, има една веб-страна но ја нема книгата што ми треба. Па девојки, доколку имате искуство во порачување книги од нет, пишете. Јас сум сигурна и дека уназад имам видено и некое друго мислење или тема, ама барај барај, неможам да најдам. Пошто не најдов друга општа тема за онлајн шопинг, мислењето можете да го преместите во друга соодветна тема.
Не знам дали си проверила на Amazon и на Ebay, ама ако таму не ја најдеш книгата што ти треба, мислам дека никаде нема да ја најдеш (ова зборувам ако ја бараш на англиски јазик). Плус, за Амазон не ти треба PayPal. Само внимавај ако купуваш да не се залеташ на најефтината верзија, бидејќи има многу опции да се купи во pdf фајл или за Kindle. Тоа зависи од продавачот каква опција ќе избере. Има некои што се само на аукција, некои што само можеш да ги купиш со Buy It Now, а има и некои со двете опции со тоа што Buy It Now е секогаш 3-4 долари поскапо.
За Amazon и Ebay не проверував, пошто знаев дека секако ја има. Пошто неам нарачувано до сега ништо од нет, и си мислев штом за Ebay треба paypal дека и за Amazon е исто, ама ете не е. Фала многу.
И јас се заразив значи не е можно колку е евтино иначе јас ги контактирав shoppingusa.com.mk за преку нив да оди нарачката најдоверливи ми се ама немам одговор со среќа
А дали ја пресметувате и поштарината? Зошто поштарината се наплаќа во зависност од колку тежи производот и од дестинацијата каде се испраќа. Ја колку што разгледував не се баш ефтини поштарините до Македонија. На пример земаш чизми од 16 евра кој тежат околу 1600 грама и на тоа плаќаш поштарина од 20 долари, за маичка од 5 долари -поштарина 13-14 долари. Ова е најефтината поштарина и го чекаш производот од 30 до 50 дена. Ако сакаш побрзо се плаќа повеќе. Не дека не се исплаќа и со поштарината, ама па кинеска роба е, никад незнаеш што стварно ќе ти стигне од кај нив Друго, ако нарачувате од таа страна, убаво измерете си се, зошто многу се жалат дека нарачувале фустани, а им стигале блузи. Негативни коментати читав и во врска со материјалите, демак се некој пластични материјали, неубаво изработени, со конци што висат од нив итн. Исто така многу негативни критики имам читано и за доставата. Демек каснеле со месеци, некој и по 6 месеци ги чекале, дека побрзо се праќале на оние кои имаат пеј пал зошто тие можеле да покренат спор итн итн. Исто така за чевлите, читав дека моделите се за два броја помали, а речиси 90% од моделите имаат до 39 број, што значи дека оние со 38 и 39 не треба да нарачуваат зошто калапите им се мали.
да баш рачунав и со поштарина преку шопингуса.ком.мк и ми искочи за 10% повише негде околу 7 евра и баш ми се исплати.. ке видам па ке ви пишам инаку гледам под сликата претежно каде што веќе имале коментирано и како ги оценуваат производите... а нарачката стигнува за 14 дена
Сонце, shoppingusa.com.mk се за пазарење во Америка, од американски вебсајтови кои немаат интернационална испорака а не од сите земји. http://www.wholesale-dress.net/ е кинески вебсајт и shoppingusa не посредуваат при вакви нарачки. wholesale-dress вршат испорака до сите држави, не ти е потребен посредник. отвори го линкот подолу и најди со кој вид на транспорт ке биде најниска цената до Мк. http://www.wholesale-dress.net/shipping-ac17 Конкретно со DHL, испораката до Мк е 34.99 долари за првите 0.5кг. http://www.wholesale-dress.net/dhl-a2063.html Туку сигурни ли сте дека може да се нарача едно парче, бидејки името на страната - wholesale сугерира дека работат само на големо....
Woman in red мислам дека погрешно си разбрала. Значи на пример ако производот што го нарачуваш чини 6 долари и тежи некаде околу 450 грама(во просек толку тежат маичките), покрај тие 6 долари се наплатува и поштарина која се пресметува на страната wholesale. Поштарина до Македонија за 450 грама изнесува околу 13 долари(и ова е најефтината поштарина). И сега значи 6 долари маичката + 13 долари поштарина + 10% на шопингуса(ако сакаат да посредуваат) им плаќаш за услугата. Еве и слики како треба да ја пресметаш поштарината. Во долниот дел ти е износот на поштарината, најефтино е преку China Post ама како што пишува ќе чекаш од 30 до 50 дена. За фустанчето од сликата кое чини 8.35 долари ќе платиш поштарина најмалку 12.94 долари. Плус 10% плаќаш на шопингуса за услугата(ако ти посредуваат). Коментарите на страната незнам колку се веродостојни, јас на хрватски форум читав баш негативни работи за странава, имаа постирано и слики девојките кои нарачувале и производите воопшто не личат на оние на сликите. Величините воопшто не одговараат, нарачуваш фустан, ти стига маичка, што е и нормално имајќи во предвид дека кинезите се доста пониски од европејците. Има некој работи кои ептен одговараат со она на сликите, обично некои чизмички, чевли, ташни, накит и слини ствари, ама и за тоа најдобро ќе ти биде да си земеш поголемо бројче. За чевли најдобро измери си го стапалото колку см ти е, и еве табела(ја има и на страната) за да си одредиш кое е твое бројче. За повеќе информации оди на forum.hr има доста пишувано на темата.
Ме интересира што мислите за купување од e-bay.com ? Затоа што сакам нешто да си порачам..ама сепак што мислите не би се исплатило поради поштарината?
Jас доста често купувам ствари од еbay и можам да ти кажам дека повеќето се поисплатливи и најдобро ти е да бараш продавачи што нудат free shipping (што ги има во изобилие на ebay). Мислам дека лимитот до кој не ти се рачуна царина и данок е 40 евра, но не ме држи за збор, ова ти е најдобро да го провериш со јавување. Инаку мене до сега не ми земале ништо плус во пошта за тежина на пакетите, но ми имаат спомнато дека понекогаш зимаат 150-200 денари, мада ова мислам дека има врска од која пошта го подигаш пакетот. Најчесто продавачите од ebay ги бележат како gift т.е. подарок, за да се намали цената при подигање на пакетот.
Ај тие што имаат купувано од ebay да ми помогнат малце не ми е јасно на пример гледав некои работи кои онака имаат прилично ефтини цени но ме збуни ова Starting bid: US $0.99 Your max bid: US $ Ова е нешто како наддавање? Кој даде повисока понуда тој ја зима или како?
Е многу ме нервира тоа на ибај што многу нешта не се достапни кај нас баш најинтересната бижутерија и чанти не се достапни за Македонија
Е па девојчиња да ве израдувам штотуку прочитав дека PayPal доаѓа во Македонија . "Отсуството на најпопуларниот платежен процесор во светот Пејпал во Македонија и тоа како се чувствува. Последните најави од Пејпал се дека во првиот квартал годинава процесорот ќе влезе на македонскиот пазар, но граѓаните ќе можат само да купуваат, а не и да продаваат производи...Во првиот квартал од 2012 година ќе им дозволат на македонските граѓани само да купуваат, а не и да продаваат. Нема да можеме да правиме и трансфер на пари од еден на друг, затоа што, повторно за нив тоа е голема инвестиција, објаснува министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.... " Останува да видиме дали е вистина ова или не. Спојлер Извор: Вечер
Вакви вести излегуваат најмалку 2 пати годишно последниве неколку години и до сега абер немало од ниту една од нив. Не сум песимист, но сметам дека е дури и премногу оптимистички да се размислува дека од Март ќе може да го користиме PayPal.