Некој што порачал нешто онлајн од Спорт Вижн? Чисто да сподели искуство, мене малку ми е сумливо што даваат толкав попуст за порачување од страната, а цените за купување на лице место им се стандард исти.
Сум порачувала два пати, се’ си е во ред. Плаќаш на рака кога ќе ти го донесат пакетчето, ако добро се сеќавам. Ако си одбереш точен број нема да имаш никаков проблем.
@LivingGlam баш разгледував нешто на нивната страна и се мислам дали да нарачам, влегов на Фемина и гледам правите баш за нив муабет. Околу враќањето дали имаш информација како оди, за мене не би се мислела околу величините, ама на синко не сум 100% сигурна дека ќе му ја погодам величината, а за чизмите што сакам да му ги нарачам воопшто не сум сигурна.
Не знам околу враќање... најдобро да им се јавиш и да прашаш. Ако си од друг град, побарај да проба слични чизми во друга спортска продавница. Инаку, откако ќе ја направите нарачката на сајтот, тие ќе ви се јават за да потврдите, па дури тогаш ќе пратат. За неколку дена пакетчето стигнува.
https://www.facebook.com/zoran.miceski.37 Дали некоја феминка има порачувано од оваа страна нешто да сподели мислење
го порачав ова од топ девојка а ми стигна ова купено од пазар и го продаваат на интернет.НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАЈТЕ СО ВАКВИ РАБОТИ ЈАС СЕ ЗАФРКНАВ ДА НЕ ВИ СЕ СЛУЧИ ИСТОТО И ВАМ.Големо не за оваа страница катастрофа невидена.Дали гледате некоја сличност кај овие две слики ?
Женски сега нарачував од АлиЕкспрес ама ми стои awaiting payment. Зошо? Имам пари на картичка и прв пат ова вака ми се случува.
Можеби имало проблем со конекцијата или со пребарувачот....Мене така ми се случи прв пат пред некој месец изгледа нешто настана проблем моментален со интернетот и не се плати..ама парите ми стоеја како резервирани во банка т.е. ми беа блокирани..морав да одам лично во банка да ми ги пуштат а во меѓувреме си направив нова нарачка без проблем и уште неколку после тоа и немав проблем пак...ама баш тогаш нешто се деси
Девојки да ве прашам нешто. Сакам да порачам 2 работи од алиекспрес ама од ист селер. Ако ги ставам во кошнишката и ги платам заедно, ќе ми стигнат во еден пакет?
Да, ќе ти стигнат заедно. Само води сметка за износот, да не е многу голем па да мораш да плаќаш царина.
да , со сигурност оригинал е козметиката слична страна е lookfantastic.com , само што на првата имаш шипинг а на втората е бесплатен шипингот
Дали некој од Македонија порачувал од beautybay.com? Сакам да направам посериозна нарачка (околу 65Е), па дали таквите нарачки ги царинат на граница, треба да платам нешто дополнително и слично?
Царинат се што е над 22 евра ако е од правно лице пратено, или над 45 евра од физичко лице. (Можеби не царинат баш се, зависи како ќе ти се погоди ама така е законот) Јас вака знам последно што имам читано. Ако ги порачуваш на пример посебно во неколку пратки да не ти ја надминува оваа сума тогаш мислам дека нема да ти го царинат.
Девојки знаете некоја друга страна од типот на Асос, со посолиден квалитет и добри парчиња, со бесплатна достава до МК? Ми треба некое фустанче за свечена пригода, а некако во тесно сум со време да шетам... А на алиекспрес не ни помислувам
Дали можеби некој ја знае страната од каде што се порачуваат мостри од парфеми бесплатно? Се сеќавам беше спомната неколку пати и паметам дека феминката беше презадоволна и дека и стигнало се што порачала т.е сите мостри... Ја пребарав фемина но не најдов па ако некој ја знае нека сподели.
Здраво дали може некој да ми објасни како може да си нарачам од ебаy .. да се направи акаунт и сл.. а читам коментари дека неможело од мк а знам една пријателка си нарачува нон стоп ( само не сме во добри односи со неа ) и неможам да ја прашам.. Во која Банка издаваат картици.. ? поздравв