Девојчиња, вчера ова време нарачав од и - беј, на статусот на производот стои дека уште не е направен шипинг. Не ми се случило ова до сега, обично истиот ден ми стигнува дека производот е шипингуван. Ви се случило ли ова на вас? Ај поискусните со онлајн купување нека кажат искуства и колку дена би требало да чекам, што треба да правам во спротивно? Сигурно има некаде пишувано, ама ќе ви бидам благодарна ако пак ме упатите.
Женски, има ли некој нарачувано од etsy? Имаат ли воопшто шипинг до Македонија? Квалитет на производи?
Може ли да ми кажете некој страници каде што можам да разгледам па и да нарачам убав фустан (за апсолвентска). Само не алиекспрес, некои други?
Дали некој има порачано од кломпа. Мк? Ај споделете искуства сакам сат да си порачам, незнам дали се сигурни
http://www.elfcosmetics.com/ Дали некој нарачувал Елф козметика од оваа страна или друга? Дали може со обична дебитна картица и дали има шипинг? Гледам производите им се многу ефтини, а и некои се доста фалени на јутуб.
Ќе можеш подетално да ми кажеш како функционира странава? Колку производи или над која цена треба да нарачам? Дали има шипинг и колку? И дали може со обична дебитна картична?
Правиш акаунт на страната ,нарачуваш,поштарина е 4 $,но добиваш 5$ попуст на прва нарачка ако одиш преку линк на веќе регистриран корисник,можеш да го искористиш мојот ако сакаш. http://www.iherb.com/specials?rcode=PFQ468
Девојки за колку време ви стигнуваат нарачките од iherb. Денес направив прва порачка па да знам отприлика колку да ја чекам? Околу месец или може и побрзо да стигне?
Другарка ми (не е од тука) ми имаше нарачано нешто за подарок па така ја знам страната, а јас лично не. Мислев дека доставуваат и кај нас. Баш штета со оглед на тоа дека преубави фустани има.
Да ве прашам, има ли некој порачувано од оние патиките што се постираат по страните на фејсбук купи патики на попуст, онлајн порачки и слично... (конкретно мислам на патиките адидас новите бели со црни линии супер стар што се)?
Не би ти препорачала ниту една таква македонска страна што се рекламира на фб со оригинал производи, сите се кинеска копија. Ако веќе не ти пречи тоа подобро нарачај од алиекспрес по пола цена. Во спротивно види во аутлетите кај Борис Трајковски имаш избор по пристапни цени.
Ако некој преку Ebay има нарачувано производи што треба да стигнат од Австралија, за колку време му стигнале?