Дали некоја од вас знае да ми каже дали Amazon вршат достава до Македонија, и доколку да, како оди сето тоа, колку се плаќа пратката и слично? Сакам да порачам два комплета книги, но не знам дали вршат достава дотука.
Мислам дека можеш на ebay ама многу работа е преку такви онлајн страници за во странство. Можеби не ја знаеш оваа страна, пробај овде ако продадеш нешто http://mojagarderoba.mk/
Ако порачката е до 2.800 ден, има ли царрина да се плаќа? Од алиекспрес сет за нокти е во прашање ..или ако е 3.800 ?! Фала
Јас нарачав сет за нокти пред неколку месеци, околу 60 долари, и не платив царина, дирекно дома ми го донесоа
Сакам да ве прашам. Направив акаунт на ebay.co.uk и сакам да купам некои работи. Како иде тоа со paypal може ли некој да ме упати? Вика морам преку тоа да платам (скоро за сите работи е вака, не сретнав поинаку), тоа е посебна картичка нешто или? Не можам со мојата картичка да си пишам информации и да платам така? Ако има некој да ми ги одговори прашањава би било супер едит. И да додадам, до колку пари треба да е производот за да не плаќам царини и такви работи?
Од каде да нарачам шминки? Имам купувано e.l.f од Iherb, ама многу мал избор имаат, а и шипингот е голем.
Колку е шипинг тука? Инаку ваква страна барав, каде има ефтини производи и брендови што ги нема кај нас, како elf, nyc..
Девојки, има некоја порачувано од страната на Пренди? https://prendi.com.mk/ Ми се допаѓа што доставата е до домашна адреса и што се плаќа при подигање, не ми се допаѓа што нема табела на димензии како што е кај Алиекспрес.
здраво. Сакав да прашам дали некоја од вас има нарачано накит или часовници од кломпа и дали се добри? Имаат страна на фб и вршат достава низ цела македонија. позз
Девојки знае некоја дали би можело да плаќам со мојата интернет картичка од Стопанска Банка на Х&М Германија, а како адреса за доставување да ја наведам адресата на роднини во Германија?