Me интересира дали некој нарачувал од оние страните што излегуваат по фб патики-тренерки или максторе и сличните на нив? Гледав убави патики ама сакам искуства да слушнам ако има некој.
Дали некој има нарачувано од Трендс.мк? Сакам да си порачам патики. Дали некој има искуство да сподели.
http://www.rosegal.com/ дали некој има порачувано од овде, има многу убави работи и гледам некои блогерки од србија покажуваат многу убави работи и квалитетен материјал, но ако има некој порачувано дали може да ми каже колку зимаат shipping, колко се плаќа shipping итн. се надевам некој ќе ми одговори.
Имам пратка која сега е на царина и ми стигна детален и-мејл со инструкции како можам да ја платам царината, од околу 1500 денари. Е сега, во и-мејлот има прикачен фајл каде пишува дека од фирма на физичко лице пратка која е под 45 евра е ослободена од ова, само ДДВ да платам. Мојата пратка е 41,11 евра и сметам дека е ослободена. Значи нема потреба од сите тие документи, полномошна, сваштарии...? Само ДДВ, а колку чини ДДВ-то и како се плаќа?
Ништо, ме ослободија од царина, ама затоа пак си платив 30 евра за чување, магацински трошоци, глупости... Книгиве од 25 евра, 70 ми излегоа. А како што знам од Струмица си, ти ја донесоа пред врата пратката директно од Скопје или во пошта ја оставија? Или пак во нивниот си центар прво?
Лејла малку каснам. Се извинувам. Бре, стварно се безобразни! Ми ја носи поштарот на врата, дури и кога имам за плаќање, ако не сум дома јас во станот, ги остава кај мајка ми. Можеби дека се знаеме, не знам. Ми носи нешто како фактура и пратката. Што направи ти?
Еве баш денес ми стигнаа. Ми се јави сабајле тој и ми вика дека имам пакет, и ми вика ќе дојдеш да го земеш? Викам ми кажаа дека на адресата ќе го донесете. И вика океј, ќе ти се јавам. Па го донел на врата и еве сега стигнаа. Среќа не побарал уште пари на врата.
Персин,smiki shoes,avanti shoes,covery shoes,prestige shoes,soni shoes ова се неколку онлине се надевам ќе си избереш
Еве уште една страна со фри шипинг. https://na-kd.com малце поскапичка е со редовните цени, али во sale се наоѓаат и со попристапни цени. Конкретно јас за посвечени фустани гледав, и