Мислам дека одговорот тука лежи зошто толку време треба да дојде и кај нас PayPal ... "- Ние сме мала економија. Привлекување на некои од странските платежни процесори како Пејпал, за нас е една битка што ја водиме уште од 2007 година..... Во 2007 година Македонија во нивната стратегија беше ставена како една земја за која ќе го надградат нивниот систем со валутата денар. Но, за да го воведат денарот, треба да инвестираат исто онолку колку што им треба за да го воведат уанот. Кога ќе се погледне бројот на население и големината на пазарот, стануваат јасни нивните приоритети. За жал, дојде економската криза, Пејпал ги стопираше сите инвестиции во нивните системи. Разговаравме подолго време и се уште сме во активни комуникации да не стават на приоритетната листа и тоа е направено, сега Македонија ќе биде со група држави од регионот, тука ќе бидат и Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во последното формално писмо што го добивме се вели дека во првиот квартал од 2012 година ќе им дозволат на македонски граѓани само да купуваат, а не и да продаваат. Од 2002 до 2007 година беа направени злоупотреби кои Македонија ја ставија на црната листа. Но, од МИОА контактирале со поголем број процесинг центри и разјасниле дека процентуално кај нив изгледа голема сума, но тоа се мал број трансакции и со воведувањето на регулаторната легислатива веднаш потоа Македонија беше вратена на белата листа. " Да не должам многу на сите ни е јасно како стојат работите, но искрено се надевам дека оваа година ќе ја видам Македонија да се избере како опција при онлајн купувањето. Спојлер Artemission дај боже да грешиш па ќе частиш по едно саатче (од тие што ми ги покажа) .
Луѓе имам платено преку western union, а нарачано преку eBay 2 пара штикли од Хонг Конг уште во декември. ама еве веќе поминаа повеќе од 2 месеци ни трага ни глас од чевлите. рачунав празници, па ај невремево, па и не е блиску Кина , ама ова ја помина секоја мера. и пишувам на таа што ми ги има пратено наводно да провери во пошта или да ми прати нов пар и се ми враќа ok thank you, ok thank you. може едно 5 пораки и пратив се истото ми го пишува. а тој акаунтот и има 99.1% Positive Feedback што е многу битен показател дека не би требало да заебе, барем така ми кажаа, а и рачунам кинескиња, тие азијците поштени луѓе демек се. ваш совет што да правам? да си се простам од штиклите и парите или има надеж?
^^ Коцка работа е купувањето преку интернет, посебно од приватни продавачи Како за утеха, парфеми од УСА (од fragrancex.com) ми пристигнуваа за две недели, но еднаш се случи дури по 6 месеци да пристигне. Се колнеа дека го испратиле Сега почнаа да наплаќаат поштарина но испраќаат со бројче за следење па во секое време знаеш каде е пакетчето... Едит: Прати и ја следнава порака: 责令鞋两个月前还没有到达。我可以检查货物在哪里? Спојлер Нарачав чевли пред два месеци уште не се пристигнати. Може ли да проверите каде е пратката?
На http://www.riverisland.com до вечерва има бесплатен шипинг за целиот свет а и за кај нас! Има убави работи, и не се многу скапи, ама порано наплаќаа по 5-7 фунти за испорака и мене не ми се даваа толку дека на асос нели е гага. Ова си го земав сметам дека не е многу скапо Иаку е мало, слатко е, и не е скапо 700 денари, барем јас така сметам! Искористете можеби ќе ви се допадне нешто! Eдит 8 фунти било шипниг обично за кај нас и на страната убаво не пишува МАКЕДОНИЈА-Macedonia, без фиром Браво за нив!
Може малку доцнам со одговоров, но сега го видов постот Додека можеше да се нарачува преку PayPal имав еден куп порачки од eBay и мал дел од нив никогаш не ми стигнаа, а оние што пристигнаа беа прецизни со времето на испорака. Мое мислење е дека штиклите никогаш нема да ти стигнат зошто најверојатно некаде залутале или некоја поштарка/царинарка ги бендисала и си ги присвоила. Пиши им дека сакаш да ти се вратат парите и не им давај опција да те откачуваат со меилови како "оk thank you, ok thank you". До сега јас сум имала 100% позитивно искуство и сите пари ми ги имаат вратено така да би требало и кај тебе да биде таков случајот.
Да ве прашам нешто. Може ли да порачаш нешто онлајн, па од кога ти стигне во пошта да го платиш а не со картичка?
Таква опција има на eBay подржано од PayPal ама важи само за Америкине За останатите смртници низ светот нема ништо.
Епа тоа ме интересираше, видов дека се наплаќа шипингот ама мислев да не сум отворила баш такви производи на коишто се наплаќа, а да има и такви кај што е free... баш ми е криво, преубави работи има
Има ли некој купувано од амазон, ако може да ми кажете колку и дали се наплаќа за испорака, кај некои производи пишува за над 25 долари фри шиппинг, ама не ми се верува дека е бесплатно зошто на страната си пишува таму некои цени на едно место прочитав 1,5 долари од производ, а на друго место 4,5 долари па затоа не сум сигурна колку е, ако има некој искуство нека пише побргу ми треба информацијава. И парите за шипинг одма ги земаат автоматски кога го плаќам производот или кога ќе ми стигне? Благодарам.
Испорака за до Македонија се плаќа за сите производи, а тој фри шипинг не важи за нас. Ако те интересира колку точно ќе те фати, производот што сакаш да го купиш стави го во кошничка и оди до check out се додека ти побара картичка (последниот чекор) и ќе ја видиш вкупната сума што треба да ја платиш однапред. Друга работа е што http://www.amazon.com на многу малку производи вршат испорака до Македонија, пробај од http://www.amazon.co.uk кај нив политиката е малку подобра.
Јац нон стоп порачувам од интернет дали книги,алишта,накит,чевли,ски опрема се едино има мана што повеќето фирми не испраќаат за Македонија па мора ако имаш роднини пријатели во САД таму да ти стигни па тие да ти го препуштат
Женски јас сакам да порачам нешто од Викторија Сикрет ама немам кредитна картичка , може ли да се порача преку сметка од банка исто ли е? Не ми се смејте ама ич не се разбирам во овие работи
Јас си купив парфем за 1.500 денари прекѕ е-bay, а во парфимерии истиот е 3.600. Во цената ми беше вклучена поштарина. Ке видиш под парчето што сакаш да го купиш, колку е шипингот. И тоа е се. Нема друго за плаќање
Jас имам порачано еве сега ја чекам втората порачка,мене ми земааат 25$ или 30$ што за мене е многу,не знам зашто сум во Aвстралија па повеке и поскапо се плака A инаку првата порачка ми стигна точно на време,ти имаш порачано од како си пишала?