Ај да си прашам овде некој што порачувал од Е-bay и се разбира колку толку од ова (оти јас не се разбирам ич ). Вчера се регистрирав на E-bay да порачам една плишана играчка Енџела и дојдов до таму каде пишува Buy it now. Притиснав таму, ама ми покажа дека се плаќа со Paypal, а јас такво нешто немам, ниту знам како функционира (знам само дека е електронски систем на плаќање). И добро, се откажав од купувањето. Денес пак пробувам да видам дали може на друг начин да се плати и ми излегува дека веќе сум го купила производот и дали сум сигурна оти пак го сакам истиот производ . И сега не знам дали ќе стигне играчката или не и колку ќе платам? Имам оставено само e-mail, телефон и адреса, сметки и сл. немам оставено. Хелп, да не ја порачаме два пати оти и мм пробува преку другар со Paypal да ја порачи, а ја има уште малку на лагер .
Ставен е на листата, ама не е платен. Затоа така регистрира. Пејпал можеш да креираш на нивната страна. Се поврзува со трансакциската на картичката. Не е тешко. Те води чекор по чекор. Пробај, имаме и тема за пејпал акаунт. Ако нешто не ти е јасно, стојам на располагање.
http://www.romwe.com/ Запознаени сте со странава? Најдов многу убави купачи, ама незз дали имаат достава до мк?
и јас прашував за оваа страна, некогаш има акции и има многу убави работи, а не се скапи, ако дознаеш нешто пиши
Еве јас лично се занимавам со тоа(претежно со накит и модни додадотци)Сега за сега немам отворено дуќан па производите ги испраѓам по Карго.Доколку сте заинтересирани и сакате да видите повеќе обратете се тука , имате 100% услуга - https://www.facebook.com/devojkisostil/
Некоја да ми го објасни процесот за порачки од https://www.lookfantastic.com ? Никогаш немам порачувано од интернет, секогаш преку другарка од алиекспрес али ми замина Германија Имам само visa од стопанска.
Јас исто ја видов страната ми испадна како реклама на фб и ја разгледав имаат интересни работи и сега видов дека за нарачка над 50 USD има бесплатна достава, за помалку од 50 USD доставата е 15 USD. Не сум нарачала, но се мислам. Ако планирате да нарачувате пишете искуство )
Некои феминки пишуваа страница за сенки, од каде да купам не ми текнува? И да, парфем сте порачувале од интернет страна?
Девојки вие што сте Ск дали сте имале проблем со поштата? Нарачав прв пат од бјути бај абх и никаде ја нема пратката? До сега требаше да стаса, а процесот за враќање на пари како што ме извести една членка е доста тежок. Две пратки ги нема...се плашам дека ги зимаат од пошта и лажат дека не стигнале.
dali preku amazon.de se plaka so karticka ili moze i preku posta.. hitno ako moze nekoj neka mi odgovori??
Да не знае некој од каде можам да нарачам ..или слично на ова да е нараквица на која ке може да има иницијали?
Дали ја царинат пратката од Boohoo? За Али експрес знам дека нема царинење, но ова е од Велика Британија, па не знам како оди
Јас имам порачано од зафул точно пред една година. Знам дека од тогаш се промени цела игра со шипинг цена а генерално и целиот сајт доби нов изглед. Работите ми стигнаа ама многу ги чекав исто со големините се варијабилни, се на се не би го препорачала.
Може ли некоја членка да ми пише искуство со нарачки од Асос, во однос на квалитетот на парчињата облека и над која сума се плаќа плус царина,ддв??.. Конкретно, сакам да нарачам фустан но, се плашам да не утнам со величината и квалитетот.. фала однапред