Може е глупаво прашањево, ама од Амазон има ли шипинг до кај нас? Сакам некои книги да порачам па не знам дали можам.
Можеби доцнам со одговорот ама sирни ја Book Depository каде сигурно ќе си ги најдеш книгите + шипингот е бесплатен за сите држави (книгите најчесто стигнуваат за две недели). Мнооогу поефтино од Амазон.
Фала ти, ќе погледнам. Само што не знам колку ќе најдам, оти се работи за стручни книги и енциклопедии.
Од ebay пратките за колку време ви стигнуваат? Мене во просек две три недели,ама еве последнава ја нема,иако изминува и четвртата недела... Од Англија е испратена,има некакви шанси да стигне?
И мене за 2-3 недели ми стигаат, ама од Англија последната пратка воопшто и не ми стигна. Контактирај го селерот ако не
Ми стигна по скоро месец чекање.Претходно го исконтактирав селерот и ми пиша дека ќе ми ги врати парите или ќе ми испрати ново,но сепак стигна.
Последен пат кога плаќав фунтата ми ја наплатија повеќе од колку што беше па затоа мислев дека земаат провизија.Тогаш пробав со виса не сакаше.Сеа се решив да порачам пак не сака.Изгледа пак ке испадне со пејпал.
Девизите ги сметаат според моменталниот курс во банка. А фунтата варираше. Не земаат провизија. Најсигурен начин за плаќање е пп. Смени ги цените во евра ако те буни курсот.
Има многу,ама не ме интересираат,терапија ми е да си шетам во град да си пробувам да си се премислувам да си разгледувм...
Од eBay имам порачано уште на 7. август еден сет прстени, и на tracking number веќе од 21. август стои дека се во Македонија, но јас се уште ги немам примено, ниту имам известување некакво од пошта. Исто така имам нарачано на истата дата уште еден сет прстени, а уште на 27. јули имам нарачано наочари, овие два продукти исто така имаат tracking number ама не функционираат, па не знам до каде се. Други пратки досега што сум порачувала, и многу покрупни и повредни, ми имаат стигано директно на домашна адреса, и сега не знам што да правам во врска со праткава што пишува дека е веќе кај нас?
Дали некој има порачувано од соврешена на фб имаат страна..Имат блузички сега ми стојат убави па некој ако има нека сподели искуство..?
Да,јас имам порачувано и сум многу задоволна.Блузите беа исто како на сликата и убави и квалитетни,а и со доставата немаше никаков проблем.