Дечки дали нарачките од Ebay стигаат во Македонија? Не сакам да се порачам а за џабе да биде...имам Visa Electron картичка, па не знам дали да пробам со Ebay. Искуства?
Женски, дали има некоја искуство со порачување на нет чевли, конкретно со UK броеви. Прв пат нарачав од британска страна чизми. Нарачав 6.5 UK , пишува дека тоа е 40 европски (тука носам 39-40), ама мене чизмите ми се ужасно мали. И сега сакам да ги заменам, ама не знам дали 7.5 или 8 да нарачам, тотално сум збунета со броевиве.
@Irreplaceablee чинам ти нарачуваше од colourpop ако не се лажам. Сакам да те прашам колку чини поштарина под 50 долари и за колку време стигнуваат? Има прекрасни палети.
Мислам дека зависи од тежината на производите. @lovemme еднаш ја прашував таа знае се па нека сподели. Знам дека она порачува од таму.
Istite imaat prodavnica i na aliekspres,sporedi gi cenite,mislam deka ako naracas na nivniot sajt imat i postarina.
Денес отворив диспјунт на bhcosmetics. Абе ич немам среќа со странава. Повеќе од 20 дена чекам и не ми стигна пратката, трагедија. Ова ми е втора порачката. Ваљда ќе ми ги вратат парите.
Има ли некој порачано нешто од бутикот во Куманово мислам декс беше Butterfly? Сакам дс знсм преку што ги праќаат пратките дали преку карго експрес, брза пошта/пратка?
Некој што има порачувано од zaful. Com да ми каже за колку време отпрлика стигаат пратките, отварав демек да ја следам до кај е, ама не се снајдов. И дали стига на домаашна адреса или ќе треба да си ја подигнам од пошта. Првпат нарачувам од странава па не знам стварно.
За 2 недели откако ќе ја испратат стигнува.Јас секогаш од тракинг бројчето видам кога стигне и сама си ја земам од пошта.
Од www.gamiss.com дали има некој порачувано нешто? Гледам има многу негативни критики. Ми текна отпосле да проверам откако не ми одобрија од банка.
Девојки од Boohoo како сте задоволни? Стигаат ли пратките и преку мак пошта ли? Неам порачувано од нив до сега.
Сеуште се порачува преку алиекспрес? Последниот пат ми кажаа дека веќе не бидувало оти имало многу кражби од македонскиве пошти
Јас нарачувам и до сега не сум имала никаков проблем со нашиве пошти. Поштарот ми ги носи пратките до врата. Се се сведува на лично искуство и секој со својата среќа.