Од iherb порано ми стигаат пратките за две недели,а некогаш и за помалку од тоа.Сега еве и трета недела помина...и некако почнувам да се нервирам. Тракинг бројот ми кажува дека на 24.02 е стигнато во Македонија.Има шанси да стигни?
Дечки, читав дека некои од вас веќе имаат нарачано ствари од romwe и баш сега бев на нивната страна и во делот кај international shipping ја нема Македонија како опција на држави до кои вршат достава. Дали има некоја нарачувано во скоро време па да има инфо за ова?
Прашање околу царинење Како оди постапката за плаќање данок на палетава? Земав morphe палета од 20тина евра од beauty bay, најверојатно ќе плаќам данок пошто со трошоци ќе надмине 22 евра, ама не ми е јасна воопшто процедурата за плаќање + можни трошоци? Тотално прв пат нарачувам и се справувам со ствариве затоа не се смејте
Можно е и да не платиш. Повеќе е среќа тоа дали ќе платиш или не. Ако треба да платиш данок ќе ти кажат во пошта кога ќе си ја земеш.
Ок значи технички би било само тие 18% (фактички нешто како 3 ипол евра)? Надежно нема да отвараат. Фала ти ептен.
Нарачав од beauty bay палета на 23ти и пошто немаат никаква информација поврзана со шипингот, број или сл. не можам да знам каде ми е нарачкава. Пошто пошта знам дека некогаш знаат да чуваат пакети без да информираат, постои некаков начин да дознаам праткава каде ми е?
Девојки има некој малку поискусен што може да ми објасни како иде кај нас со царина и даноци за нарачки од алиекспрес? Приказната е следна: последнава година алиекспрес ми стана малце опсесија, ама си се тешев дека и така нарачувам ефтини работи и дека ми се исплати. Сега решив да си нарачам една релативно скапичка работа, за која продавачот би напишал дека вреди $45 и не знам за таа вредност колку ќе треба да платам давачки. Прочитав на форумов во темата за асос, дека ако нарачката вреди помалку од 45 евра не треба да се плаќа ни царина ни давачки. Ама доста одамна беше постот и не знам дали сеуште важи тоа правило. Да не знаете вие?
Imate li naracuvano nesto od Hervelegeronlineshop? Kako ste zadovolna, sakam da naracan no neznam dali se okej i korektni?
Над 50 долари се плаќа царина. Ама пошто ти си до граница некаде 45 долари може во пошта ќе платиш нешто.
Законот вика вака секоја пратка со висина над 22 евра се плака 18 посто данок а со над 45 евра се плака царина според ценовник
Нарачка од beautybay од 22 Април не ми е стигната. Обично ми стигнуваа за 2 недели. Им пишав на маил не ми вратија. На кој маил да им пратам, не беа малку пари за да ми пропадне нарачката.
Ќе можи да ми предложите од кои производи од там бјути страната и колорпоп сте задоволни?Планирам да правам порачки па да слушнам препораки.Фала.
Дали некој има нарачано чевли од Перла од Охрид? Ме интресира дали нарачката стига до дома или мора сам да ја подигнеш.