@crazylady те молам да ми пишеш лп кога ке видеш бидејки јас не можам сакам да те прашам нешто за Трендс.мк пошто имаш нарачувсно од таму.
Дали некој има нарачувано од bhcosmetics? Јас од прееска чекам да ми се просесира нарачката и во место стои цело време само пишува да не го рефреширам пребарувачот ќе и треба до кај од прилика 90 секунди за да се просесира а од тогаш поминаа 3 часа..
Тоа што мене не ми се допаѓа по македонскиве е - продавници е недостатокот од опис на производите. Состав на материјал, боја итн, нема на повеќето од нив.
Женски ај препорачајте некоја страница за онлајн шопинг на облека и обувки? Не мислам на Али експрес или сличните на него,туку на наши-од Македонија Јас имам порачувано само од Персин-Куманово,aма таму во последно не ми се допаѓа ништо.
Прв пат порачав производи од IHERB, на тракингот пишува дека се пристигнати во Скопје уште на 09.06. а ги нема да ми ги донесат во мојот град сеуште.. Не знам каде да се обратам кој ги носи, прашав во седиштето на DHL во Скопје бидејќи на тракингот го пишеше нивното име тие ми рекоа дека пратката не е од кај нив, сега кај кого да прашам? А гледам на странава нема можност да испратам порака ниту да се пожалам ако не ја добијам пратката, инаку е во вредност од 2000 денари па не се малку пари Ве молам за помош некој што има искуство со IHERB..
Имам нарачано ташна. Искуството е позитивно, пријатно бев изненадена од изгледот и квалитетот. lookfantastic, beautybay вршат бесплатна достава до Мк.
Мене ми се јавија од пошта на телефон и ми рекоа дојди земи си ја пратката. Оди побарај во твојата пошта во населба.
И мене така ми пишуваше дека се во ск и по една недела стаса во мојот град.3 пратки порачав и за сите 3 така ми беше.Не се секирај кај и да е ќе ти стигне.
Едно глупаво прашање женски. Каков ви се гледа материјалов? Сакам да ги порачам онлајн ама се мислам да не е од оние неубави материјали, што трга од сите страни..
Во врска со пратката еве направи 30 дена откако ми е порачана. На тракингот на iherb пишува дека е пристигната во МК на 09 Јуни, во поштите ја нема никаде. Се јавив во царина таму една госпоѓа ми се испонаша, не сакаше нити да ме ислуша.. Каде да ја барам проклетата пратка сега? Му се случило ли на некого нешто вакво досега? Читав коментари пратките од iherb во просек стигале за 15-20 дена, веројатно нема никогаш да ја добијам...
Мене ме интересира дали некоја има искуство со нарачка на парфеми онлине ( не од МК ) и колку се плаќа царина за истите ?
Јас имам нарачувано од нет., но не платив царина. Беше фри шипинг и ми стигна по пошта. Исто како од али експрес пратка