Сомнителни ми се поради тоа што производите што ги нудат им се со доста ниски цени. Сепак ти благодарам за одговорот .
да стигаат ! Од комшии што порачуваат знам. Пред 2 недели и јас си нарачав нешто, што ми се виде интересно па ќе видиме кога ќе стигне каков ќе биде квалитетот. Инаку разгледував случајно пред половина час и наидов на ова . 6 денари со фри шипинг.
Прв пат нарачав од јоом, ама незнам дали се стигнати. Дали вас некако ве известија дека пратката ви е стигната ?
Сега не знам дал се важи овде и за порачки од Македонија, ама ако има друга тема специјално само за бутици од мкд префрлете ми го мислењето. Онтопик, сакам да нарачам тренерки од luxe fashion шо многу ми се свиѓаат арно ама, од овој бутик еднаш нарачав џемперче и не личеше воопшто као на сликата. Па од таму и сомневањево сега. Дал некоја ги има нарачано овие тренерки и дали изгледаат као на сликава или пак некоја варка праат?
https://www.liligal.com/ Дали некој има порачувано од оваа страна облека? Гледам дека имаат доста интересни работи и пристапни цени. Пратката за Мк е free над 15$. Од кои страни имате порачувано најчесто?
Дали кога порачувате од wish секогаш ви наплаќаат по долар шипинг? Било кој производ и да го стаам на картица ми дава плус да платам задолжително шипинг?
Девојки, дали некој овде има порачувано нешто од Аmazon.uk во последниов период? Јас имав порано порачувано, но сега не ми дава да платам со изговор да одберам друга адреса пред да го извршам плаќањето. (а порано од истиов продавач имав нарачувано и се си беше во ред) Претпоставувам дека стопирано е за нашава земја, но има ли некој начин да се скокне тоа ограничување и да си го платам продуктот. Некоја да успеала да нарача од Амазон сега брзо ? И ако да, како го има изведено тоа?
Девојки , жени , мажи да ве прашам нешто . Имате ли порачувано некогаш од Wish апликацијата за мобилен ? Јас ја симнав одамна , ама не сум порачувала ништо сеуште , а гледам ибави работи имаат . Како се со цени ( јас не се разбирам многу со долари , евра итн . ) и дали стигаат брзо пратките или воопшто не стигаат ? Ме плаши интернет порачување баш поради измами а на оваа мислам се плаќа унапред . Фала однапред
Јас порачувам од Wish. Задоволна сум, пратките стигаат на време, си има напишано дата кога треба да ти стигне пратката а обично стигнува пред време. Се плаќа кога се нарачува (пред време како што велиш ти) до сега сум немала проблеми. Еднаш јас бев згрешила пратка и сакав да ја вратам, ми вратија пари без проблем а пратката не ја повлекоа назад. Значи ако не си задоволна од квалитетот имаш рок 30 дена да ја вратиш робата назад, а тие тебе парите. За во Мк не знам, тоа за во Ит. ама би требало исти да е.
А како се со цени ? Мене во мкд ми ги покажува на телефон ( кога ја симнував апликацијата ми бараше држава на живеење и веројатно затоа ми покажува во мкд ) и сега гледам дека има фармерки , чизмички , општо роба за 400-500 ден , ама не се разбирам многу многу со валути , па би сакала да те прашам дали се реални овие цени , или погрешно се напишани . За почеток би нарачала нешто поевтино да проверам квалитет и услуга , а потоа би нарачала и повеќе работи што ми се на Wish List .
Точни си се цените не се секирај. Има и патни трошоци, за секоја држава различно ти пишува и тоа сигурно. Убаво си кажа, за почеток нарачај си нешто евтино да провериш квалитет и услуга па отом потом. Инаку имаат убави работи а и доста ефтини.
Фала ти на брзиот одговор и детални информации . Конечно да порачам нешто и да не му ја мислам многу многу
Дали некоја има порачувано од Zaful и како е задоволна од квалитетот? Гледам попусти имаат па сакам да си порачам. Ме интересира и за шипингот, колку се плаќа?
дали на секоја порачка имаш шипинг? јас што и да стаам на shopping card, на све ми дава по 1 долар шипинг. така е кај сите или?