Мене прв пат ми се случува наместо картонче во сандаче, поштарот по телефон ми се јави дали сум дома и на врата да ми ја донесе пратката, ми наплати 50 денари. Ми дојде малку чудно ама ме фати на збунка, дали ви се случило нешто слично? П.с. За Скопје станува збор
Ми се случува често да ми се јави, ама никогаш не ми земал пари Ми се чини дека ги побарал за да си се почасти. Он плата зема за тоа што разнесува пратки. Свашта значи, се е забегано. Ако се повтори, прашај го на која основа ти наплаќа и побарај му сметка за услугата
Девојки, дали имате порачано спортски чанти од Старт Спорт ( страна на фб)? 760 денари се и барам да споделите искуства ако има некој
Има ли некој искуство со fairytale boutique skopje на инстаграм? Имаат cute летни пижами а исто и тренерки по евтина цена. Ако има некој порачувано ве молам споделете искуства...
Пред 3 недели порачав фармерки маица и пижами 5 пати им пишав дека не ми стигна пратката за да ми пишат вчера дека ги немале бројчињата што ги порачав денес ќе им стасала робата
Квалитетни ли им се пижамите? Мене ми пишаа дека се памучни без ликра ги има некој порачано да каже дали се убави?
Скапи им се пижамите, во Ники Текстил за 300-400 ден има летни со поубав и попријатен материјал за спиење.
Дали некока има нарачувано нешто од оваа страна? Дали е сигурна? Напишав и во темите за леќи, но немав одговор, а ми треба итно. Бидејќи се цените пониски ме интересира дали се доплаќа нешто и колку? https://www.lentekontakti.com/