Девојки ако може совет. Прв пат нарачувам преку Бјути Беј. Ја направив нарачката на 11-ти минатиот месец и се' уште не е стигната, а на акаутот пишува order dispatched. Е сега дали тоа би се сменило кога ќе биде испорачана и да не кревам паники или треба да им пишам некаде затоа што некако ова како ептен да доцнат? Прочитав тука дека отприлика за 20-тина дена стигнувале нарачките, но кај мојава има повеќе. Не знам дали е и до ситуацијава нешто проблемот, па поради тоа е толку долг временскиот период. И уште едно прашање. Бидејќи во теков на идниве денови не сум на скопската адреса која ја оставив во податоци, дали всушност стигнува картонче од пошта дека е пристигната па ќе може да си ја подигнам подоцна или ја испорачуваат до зададената адреса па мора да сум таму?
Мојата стигна за 48 дена Инаку во СК ми носеа картонче а тука во Берово ми ја носат кутијата..па ако нема никој на балкон ми ја оставаат
Значи ти викаш да почекам уште малку? Стварно сум во мисла, затоа што ептен со мерак си ги одбирав нештенцата од TO и сега ептен ќе ми е криво ако испадне некој проблем со пратката.
Нарачав од Deciem производи од The Ordinary за 28Е, дали ќе ми ги царинат? И за колку дена стигаат отприлика?
Девојки дали од Али Експрес ви стигнуваат нарачките? На две веќе 2 недели пишува дека се во Мк ама никако да ми ги достават?
Одма стигнуваат, ти даваат точен датум на која дата ќе ти пристигне, можеш да си следиш ти даваат tracking number. Ти го даваат на врата, се доплаќа до 200,300 ден.
И schatze парфимерии отворија онлајн продавница, дополнително ќе има и купони за попусти кои ќе можат да се искористат повеќе пати https://schatze.mk/
Освен fashiongroup,sportvision,sport m,megasport,sport reality има ли други такви онлајн продавници за облека кај нас не зборам за оние по фб него вака што имаат страна
Сакам прв пат да нарачам од Pretty Little Thing, па некоја поискусна да ми каже како од нарачувањево, шипинг се плаќа ли? И до која цифра е без царина? Фала ви
Нормално све ко и на Али, ставаш во кошничка, со картичка плаќаш, мислам дека 10€ е шипинг, во МК до 50€ не плаќаш царина. Околу 15тинс дена се чека нарачката
Објавено на страната на Пошта на 24.03. Почитувани корисници, Поради затворање на Меѓународниот аеродром во Скопје на 18 март 2020 год., оневозможена е меѓународна размена на пратки кои АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје како назначен поштенски оператор на Државата ги врши со останатите назначени поштенски оператори во светот по авионски пат. Од тие причини, има привремен прекин во прием на пратки од меѓународен сообраќај за сите држави, за кои, отпрема на пратки се врши по авионски пат, со исклучок на соседните држави. Имено за Албанија, Грција, Србија, Бугарија и Косово постои можност за прием и отпрема на пратки, бидејќи размената на пошта со нив се врши по површински односно сувоземен пат. Ќе си почекаме за пратките