Ја знам од порано оваа страна www.cheapsmells.com но немам порачувано досега , па да ве прашам каква картичка треба да имаш за да можеш да купуваш од неа ?
Треба да се има платежна картичка. Но, не многу ретко се е во ред со online-пазарувањето, треба внимателно да се прочита се на страната која ја избирате.
Еднаш се решив да порачам облека.. Од Лондон ми стигнаа неколку парчиња.Не беа многу скапи.И за моја несреќа сите број поголеми..Никогаш повеќе. Инаку секој месец преку Орифлејм,ама тоа не се рачуна.
Девојки би сакала да ме замолам која има искуство со нарачки од америка да ми пише отприлика колку е поштарината до македонија се работи за неколку фустани...фала однапред поззз
Женски помош малце ме бунат овие бројкиве на штикли, сандали на ebay што се ја носам 34 која бројка е тоа кај нив глеам има од 4 до 12 Сакам да порачам ама бројчињава
Ме интересира дали на форумов има некој што нарачува од Ибеј ??? Сум пробала на 300 начини да нарачам но не е можно па ме интересираше дали има некој од Тетово, Скопје или Гостивар кој нарачува? Доколку има ако може да ми пише ЛП???
мене попоста само за една кутија со капсули ми побараа околу 50 евра бесе а за фустани сигурно 4-5 пати повеке мозе и гресам ама за мене с знам 50 евра
Девојчичкиии Ми пристигна фустанчето од zavvi.com . Се’ во ред, уредно спакувано, во најлонска кеса слично како Асос (малку потенка). Бројче точно, пратка точна, завви има зелено светло од мене! Фустанчето беше намалено од шеесетина фунти на осум или девет, со се’ поштарина ме чинеше помалку од 10 фунти. Во пошта не платив ништо. Зави го испорача на 3 април, а пристигна денес, на 19. Сега чекам некој прилив па да нарачам нешто друго.
И мене денес ми стигна пратка од завви испратена на 4 април. Ливинг ,какво фустанче нарача и јас се мислам но во дилема сум околу бројот,иначе сум 38 , би требало ук 10.
Нарачав од Sugarhill, го нема веќе во понудата како што гледам. Јас си го знам бројчето, УК8 ми одговара таман, инаку според правилата за 38 ти е десетка. Ти што нарача? Во ред ли беше се’, како беше спакувано?
Нарачав патики Пума ,беа намалени на 14 фунти,сега ги нема, бели со тиркизно ,прекрасни се, одлично спакувани бројот таман. Ќе си нарачам фустанче утре,ук 10 па како сака нека биде.
i jas pred nedela naracav detski patiki rozevo so belo adidas, a denes mnogu ubavi sandali od Moda in pele za 20 funti
Девојки дали некоја има нарачано од страната на Викторијас сикрет? Јас користам виза електрон од Стопанска банка, па ме интересира дали таму може со картичка или преку PayPal? Се доплатува нешто плус кога се подигнува порачката или... ? Некој што има искуство со ова да ми одговори може?
девојки сакам да си нарачам неколку фустани и корсети од кинескиве страни каде има бесплатен бродски превоз за македонија... ме интересира дали правела некоја нарачка од таму ...и какви трошоци би сносела од прилика при подигање на пратката... итно ми е
Има на Фејсбук една група Купувај Скопје.Групата е совршена.Има Шанел,Луис Витон,Гучи,Тифани,сите познати фирми и плус онакви обични аксесорис.Јас од таму сега почнав да си нарачувам,има една типка,и пишуваш у инбокс,тоа што сакаш да порачаш се,она ти порачува и после се договарате кај да го земеш и да го платиш и крај.Полесно,амин! Јас си порачав мачкини наочари за сонце и маска за Ајфон.Ми стигнаа за 15 дена,многу е фина и стварно е ефтино. А верувајте оригинали се горенаведените фирми,зошто ти ги носи со кутија и триста етикети и такви работи.Сестра ми си порача кај неа Луис Витон ташна,многу поефтина е (мислам дека зошто е стара колекција ама не сум сигурна) и сега ја чека да и стигне.За цена не сум сигурна колку беше. Всушност освен АСОС и e-bay,а од сега и ова,не користам други онлајн шопинзи. текстов не е со рекламна цел
Девојки сакам да си отворам ПЕЈПАЛ Сметка знам дека ја нема Македонија на листата ама имам читано дека може да се стави друга земја гледам и ногу од вас купуваат со пејпал. Пробав да ставам бугарија и сл. ама пак не сака. Ќе сака ли некоја да ми обајсни подетално како можам да си отворам сметка и дали има врска од која земја сум. Итно е плс