Те рефундираа во меѓувреме или немаш барано? Јас побарав refund директно на сметка и ми одобрија, зашто пратката ја нема нигде на тракинг.
Јас веќе отрпнав чекајќи ги пратките од Зафул. Вчера им пишав па ме замолија да почекам 7 дена работни дена за да видат каде е пратката и ќе ме известат. Што бараат да чекам веројатно е изгубена.
хеј, дали би сакала да ми кажеш како ја напиша адресата за достава? Мене цело време ми дава грешка дека "Sorry, this address is not within the valid delivery range" а адресата е во Скопје и ми поминува успешно за други страни кога нарачувам.
Дали знаете некоја онлајн страна, или продавница што праќа по карго , шминки ? Најдов една страна, ама не знам колку е сигурна за нарачка. Спојлер: Види
Мене ми стигна за 2 недели како вообичаено, нарачана на 15ти мај. Ви стигаат ли нарачките од Yesstyle? Ја чекам повеќе од два месеци и до сега два пати им пишав и ми праќаат само tracking number. Немаат намера да рефундираат.
Не сакаат да ми вратат пари од Зафул,пратката дреме на аеродром у Кина. Живо ме нервира што на пораките за враќање пари ми одговараат друго.
Кој непрофесионализам. Јас ја чекав 1 месец да ми ја пратат, и уште еден додека ја добијам. А и не сум задоволна од материјалот, за некој денар плус можев да купам нешто поквалитетно. Колку време ја чекаш?