Ме маткаа и мене ао тракинг број на крај ми рефундираа фул сума. Пратката е испратена ама е заглавен на некој аеродром. Инаку нарачав на почеток на март крај на мај ме рефундираа. Настојувај со меилови повеќе.
Да, нарачав и веќе стигна пратката. Сега за feel unique ме интересира има ли некој искуство, за колку време стигаат?
Од Feelunique јас два пати имам порачано и пратките ми стигнуваа за 2-3 недели. Инаку моментално Feelunique не врши достава кај нас поради ситуацијата со вирусот.
Нарачувал некој од Pretty Little Things во скоро време? Да не ми ги пратат преку ДХЛ иако пишува standard delivery.
Се напнав за Зафул секој ден им пишував за пратките и се нешто ми одговараат дека е во транзит,де заглавена на некој аеродром и веќе ми се смачи. На прашањето дали може да ми ги вратат парите не одговара никој. Што понатака?
Јас чекав пратки некои од Ебај, скоро еден месец подолго од рокот за испораката и решив да си ги побарам парите назад. Во рок од 2 дена ми ги вратија.
Јас пред две години, нешто ситно така. И уште ги имам. Сакам да кажам квалитетни се, една маичка со вграден градник и ја извадив душата,ја носев цело време. Ниту ми се скина,или корпите да се извадат.
Порача ли комплет, задоволна ли си? Бидејќи ми фатија око, сакам и јас да порачам. Ама не сум сигурна околу квалитетов. За тренеркиве гледам се жалат ама за комплетиве нема коментари. Да не се многу тесни, се да се отцртува и панталоните прекратки да не ми се.. и нз дали и колку им се плаќа достава низ скопјево. Ако има некој порачувано од mymoda нека каже
Дали некој има искуство со странава? https://www.tevialet.com/ Искрено мислам дека е лага....толку претерано евтини алишта а и на нет нема нешто многу за странава но сепак да прашам.
Дали некој има искуство со пратки преку Fedex? Нарачав фустан од еден вебсајт и видов дека ми пратиле преку Fedex (немав опција да одберам shipping method). Би ви била многу благодарна доколку ми објасните како оди процесот. Пратката е 90 долари