Порачав два пара патики од една страна на интернет, ги донесоа по карго... Бројчињата не одговараат, а и едните се црни, а јас нарачав бели. Не одговараат на пораки сега за замена. Како да постапам, има ли некаде да ги пријавам
Прво контактирај ги од продавницата, ако имаат разбирање треба да ти ги заменат без да доплаќаш карго за враќање Ако не пријави ги во пазарен инспекторат или некое здружение за заштита на потрошувачите
Едно прашање во врска со Amazon. Гледам некои работи се по 0.01$ или 0.54$ и сл. Сакам да прашам дали некој има порачано нешто со таква цена и дали му стигнало пошто сакам да порачам но не сум сигурна колку е вистина
Здраво, на 5ти Јуни порачав некои работи од Aliexpress ама еве поминаа повеќе од 45 дена и уште нема стигнато порачката. Дали и некој друг има ваков проблем со достава?
Ни мене не ми стигнаа нарачките,ни од пред короната (мислам на затварањето на границите и карантинот)од март и од мај.
Јас во Мај нарачав , сеуште не стигнаа. Но , го прашав поштарот рече во главна пошта стигале пакети со роба од Кина и денеска ми стигна една пратка , така да, сигурно и твојата ќе стигне.
Некоја од странава да не има до сега купувано? Многу ми се свиѓаат фустанчињава ама кој знае дали се вакви
Дали некоја нарачувала од ЖД ТАМАЖ ако сака да сподели искуство во однос на материјалот и дали праќаат исто како на слика?
Девојки, има ли некоја порачувано од Makeup.shop.mk https://instagram.com/makeup_shop.mk?igshid=kbn42090ma1k Производите им се оригинал? Некако ми се ниски цените или не ?
Дали некој има нарачано од инстаграм продавницата ha_ensamble? Дали им се квалитетни производите и која цена се?
Порачувал некој од https://www.viciski.com.mk/ ?Имам впечаток дека не им функционира страната.Порачав пред една недела и никој ме нема исконтактирано,некако чудно ми е.
Значи, не ми се верува што мизерија се овие он-лине продавници, пишав пред една недела дали имаат еден комбинезон, ми одговорија ќе проверат, ајде што ги чекав да проверат една недела демек продавницата им е на марс, ми вратија дека немаат, другарка им пиша после три дена, вратија дека го имаат, значи, бог да чува....друг случај, прашуваш за број на сандали, дали го имаат добиваш сеен, пишуваш дека сакаш да ги порачаш доколку го имаат бројот, пак сеен, не ми е јасно што воопшто се замараат со онлине продажба ако ги мрзи. Поради овие причини , не сум за онлине, а знам и за доста случаи каде што на потрошувачите им се испраќаат не баш истите работи од тие што се рекламираат. * Секоја чест на исклучоци.