Има ли уште некој кој чека пратка од Англија (lookfantastic) нарачана уште за Black Friday? И, како можам на Amazon да видам дали има достава до Македонија за одреден продукт? Има ли некои со бесплатна достава или се' се плаќа?
Некоја членка имаше спомнато дека многу од пратките седеле во пошта и не ги доставувале бидејќи немале персонал, па можеш да провериш во поштата лично за најсигурно, а има некои пратки кои веднаш ги враќаа назад на испраќачот како на пример од АСОС од непозната причина. За Амазон најдобро да си направиш акаунт и да ја внесеш адресата на испорака, така за секој продукт ќе ти даде инфо колку е доставата и дали воопшто доставуваат до МК. P.S. Многу малку работи се достапни за достава од Амазон до МК, ако не најдеш тоа шо бараш разгледај и на ebay, можно е таму да се спогодиш со продавачот за доставата.
Да јас чекам од look fantastic и сега ми е страв да порачам бидејки Англија не е во Еу веќе и има измени. Јас чекам замена која е пратена поединечно после не знам колку испратени мејлови.
Мене баш редовно ми враќаа и беа мошне љубезни. Дури и сами ми понудија да ми ги вратат парите. Откако прифатив, чекам повеќе од 15 денови - уште немам пари на сметка. Им пратив порака, чекам 4 дена - нема одговор. Сега пак ќе им пишам. Многу се избедирав. Си ги сакав работите за Нова година. После, ај за Божиќ. И, на крај, останав со ништо. Хаос. Сега не знам дали е можно да ми стигнат производите + да добијам пари назад ???? Малку нехумано ми е тоа, ама што да правам.
Здраво девојки Никаде не можам да најдам па се решив да се пробам онлајн. Со дечкото сме веќе 5 години заедно па за денот на вљубените сакам да купам од прочуените белезици. Оние што се на пример ако допрам два пати на мојата, на неговата светнува и тогаш знае дека сум допрела. Тоа е нешто читав како знак за недостасување хаха. Се надевам знаете за што велам. Дали некоја од вас знае каде се достапни?
обавезно барај слика од производот, за да видиш како изгледа во живо, едно е на интернет сликите, друго е во живо
Да па затоа и прашувам од лично искуство да каже некој, читав по форуми некои велеа Ок некои ужас квалитет. А кога побарав од Brash да ми пратат слика од еден модел тренерки ми кажаа нема моделот е продаден , а на страната за онлајн порачка моделот го имаа на залиха .
Имам нарачка од Алиекспрес и ми го покажува ова. Дали навистина е стигната кај нас и нашиве ја чуваат толку долго или не е ова секогаш точно?
Девојки, дали имате долен дел тренерки од 4F? Ме интересира како се со големината во однос на бројот - true to size или пак се пошироки? Сакав да нарачам онлајн, па да не утнам број
Летото за две недели пристигна нарачката во државата, а јас чекав уште 4 месеци до мене дома. Наводно по царинските терминали си стоеле.