Женски нарачав од iherb некои ситници во вредност од $20, изберав local post како шипинг за некои си долар два. Работата е тоа што сега гледам дека иде преку дхл... Што мислете ќе ми наплатат она лежерина на пратка и остали глупости?
Девојки, другарка ми треба да ми прати пратка од Германија преку DHL, како поклон. На страницата на DHL пишува некои си 16 евра според димензиите на кутијата. Дали се само тоа давачки или уште нешто треба да се плаќа?
Дали работа опцијава за онлајн шопинг на Pull and bear? Пишува за некои работи дека се достапни само онлајн, па ме интересира дали некоја има нарачувано?
Некој да има порачаувано од Stronger? Ме интересира преку која пошта испраќаат? Мислам дека кај нас сеуште нема
https://usa.tommy.com/ Дали некој има нарачувано од странава или каде можам да нарачам брендирана облека со попуст
Јас враќав месецов. Откако ја пријавив за враќање, после 4 дена ми се јави курирот за да ја подигне. 4 дена поминаа додека стигна таму ( добив потврда на маил) и после 5 дена ги имав парите на сметка (барав рефундација). Значи околу 13 дена вкупно. Ми кажаа дека од нив не зависи кога ќе е подигната/доставена но откако ќе ја добијат кај нив мора да направат рефундација во рок од 7 дена или замена на производ во рок од 15 дена. Тоа ќе го добиеш и на маил откако курирот ќе ја достави кај нив.
Повеќе од 10 дена поминаа од кога му пратив е-маил дека сакам да вратам производ и ми кажаа дека ќе пратат курир да го превземе производот и да го врати кај нив па тие ќе ми ги рефундираат парите на трансакциска сметка, ама курирска служба никако да дојди да го превземе производот. Баш вчера пак им пишав ама демек како не било до нив ама пак ќе испрателе налог
Јас летото многу се измалтретирав со нив, чекав месец и пол да ми пратат курир. Во меѓувреме неколку пати се јавував и им пишував, едвај ги добивав и секогаш ми викаа дека ќе ми пратат курир. На крај со пазарна инспекција ја решив работата. Тоа беше некаде во мај и траеше до почетокот на јули. Разбирам дека поради короната имаа многу повеќе онлајн нарачки од претходно, ама не е изговор. И на други места порачував онлајн и вршев замена или враќав производи и никаде толку долго не сум чекала. Од тогаш не сум нарачала ништо од кај нив.
Јас нарачував кога беше корона кризата април-мај, имав две порачки од по 40 евра и имав фри шипинг. Не ми стигнаа воопшто, се измачив пишувајќи им и дури по два месеци ми ги вратија парите. Од тогаш немам нарачувано, но на работа се фалеа колешките од prettylittlethings дека нарачките стигнувале и робата е убава. Побарај за Македонија дали има шипинг и над која сума се фри шипинг за така да ти се исплати.
Здраво, треба да ми стигне пратка со помла вредност од 10 евра - и имаше бесплатна достава. Сега ми стигна мејл дека иде преку дхл. може да ми наплатат нешто?