Да, порачав и еве чекам да ми стигне нарачката.Инаку преку нивната страна е, шипингот беше 8 фунти. И баш дојдов сега тука да прашам нешто, ја следам пратката на нивната страна и ми се појави ова: CLOSED BY SYSTEM NO DELV CONF RECD. Што значи поракава, знае ли некој?
најверојатно дека нема системот потврда дека е пратена нарачката (closed by system, no delivery confirmation record)
Дали Standard delivery е всушност дхл и дали при доставата ќе треба да платам дополнителни трошоци(како царина...)?
Секаде каде што има можност за ДХЛ тоа го пишува кога избираш начин на шипинг. Стандард е нормално дека ќе ти ја пратат, преку пошта таму, и тука ќе ти стигне во нашата пошта па преку неа ќе ти ја донесат или ќе одиш да си ја земеш, зависи од големината на пратката. Поштарина ќе треба да платиш, а секоја пратка која изнесува повеќе од (чинам) 50 евра подлежи на царинска постапка и се плаќа 18% од сумата. Сите информации ги имаш на страната на Царина
Некоја од оваа страна купнала нешто? Или кај може да се најдат вакви фустанчиња, припиени за тело, еднобојни. Ме удрија у срце со странава од на сабајле, слаба точка ми погодија. Овакви шо немаат многу материјал по нив страшно добро ми стојат дека ситничка сум. https://www.facebook.com/Universal-Fashion-Trend-1274298719304716/ За оваа зборувам - Universial Fashion Trend
Зависи од каде порачуваш, не е секаде исто.Кога ќе треба да платиш ќе ти израчунаат, или можеби ќе пишува на самата страна кога ќе отвориш.
Зависи од многу работи, се пресметува на крај, кога ќе стигне во пошта. ДЛХ и ФедЕх се мн поскапи и околу поштарина и царинење, а обична пошта е далеку поевтина, но чекаш повеќе време. Пред некое време имав нарачано од америка некои производи, околу 100 долари, чекав скоро 2 месеци со обична пошта, царина ми земаа 800 и нешто денари, а за поштарина не се сеќавам баш. Додека лани со ДХЛ, за пратка исто од Америка околу 50/60 долари беше, ми земаа 2500 ден, за царина и сите тие давачки
Доколку нарачам дуксер од 33 долари од асос и плус 11 евра за (standard shiping) што би требало да платам кога ке пристигне тука?
https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk Сите информации ќе си ги прочиташ тука. А што и колку би требало да платиш ќе те известат од пошта кога ќе ти стигне пратката (ти праќаат писмо)
Mислам нема ништо да доплатиш. Ако беше 100тина долари сума, може ке ти пишеа данок или/и царина, ама со ова 99% нема. До сега јас на милион нарачки само на две по DHL што беа доплаќав и тоа бајаги, aма тоа ради DHL . Ако е мал пакетот не го отвараат. П.с. ако си баксуз, данок само ќе платиш, на царина не подлежи таа сума
Многу доцнат моиве пратки, не знам што е проблемот, ама и на поштава наша, не можам сајтот да го отворам со часови.
Кај мене отвора без проблем. Баш вчера проверував некои пратки. Еве и сега океј си е. https://www.posta.com.mk/TrackTrace/
Сега гледам дека поради тоа што не е безбедна страна, нешто ми ја блокира страната на пошта. Сепак, благодарам за одговорот.
Дали некоја има нарачувано од страницава https://onestopshop.mk/product-category/parfimerija/estee-lauder Конкретно ме интересира за пудрите Есте дали им се оригинал затоа што им се озналени со бројки и не можеш да видиш кој нијанса е.
Дали ви се случило наеднаш да изгубите секаква информација за пратката до каде е...? Кај мене долго време не е апдејтирано, поточно откога тргна од местото на испраќање.Не разбирам Од други места што сум порачувала колку што се сеќавам повеќе редовни известувања имам добивано, сега кај касни па и не знам до каде е.
Да, сега скоро ми се случи и им пишав мејл на костумер сервис на компанијата. По половина месец ми стигна. Со целава ситуација со коронава има големи дилеи