Да се надоврзам на темата Lookfantastic.. кои брендови ги порачувате? Јас пробав со многу за да искористам попусти, за жал не ги испорачуваат во Мкд... Само The Ordinary ми го покажува достапен од тие што ги пробав..
Urban Decay Estée Lauder The ordinary Smashbox Многу други имам порачано не до Мкд. Јас Mac and Bioderma не можам да порачам, имаше негде список кои брендови можат да се испорачаат до некои земји,а кои не можат. Процепкај може ќе го најдеш.
Ќе се обидам да дознаам... Најмногу ми е криво за Mac.. Пробав и со ABH, TooFaced.. Ќе ги чекам Viseart да наполнат залихи да пробам со нив, ќе почекам ако некогаш пуштат попуст за Natasha Denona, да се почастам
Успеав од Сигма да нарачам палета Прв пат порачувам од Lookfantastic, за колку време ви стигаат пратките?
Последната нарачка од Look Fantastic ми беше пратена преку ДХЛ, така што би требало да ти пристигне за 2-3 дена.
Не е тоа Дхл кое што мислиш, тоа дхл е обична пошта и нема шанса за два три дена да и стигне. Ќе и стигне за две-три недели максимум. Многу често нарачувам и знам како праќаат и за колку време стигнува.
Зборувам од искуство, не само што ми стигна за 3 дена туку и требаше да платам 2500 денари. Од Македонија нарачуваш?
Епа тоа е Дхл Експрес и плаќаш уште плус. Плаќаш по килограм и царина. Има и дхл обична пошта, не нарачувам од Мкд ама секогаш ми стига со обична пошта и не плаќам ништо. Вчера пуштив порачка, испод лимит е 2eвра поштарина.
Има ли некој нарачано кондури од tnj_fashion group или од posh.shoeshop на Instagram? Нарачав балетанки што наводно требаше да бидат кожни, но не ми се чини дека се. Какво е вашето искуство?
Јас имам нарачувано од Пош и баш ми се супер. Имам едни чизми кожни и едни штикли кои баш во моментов ги носам на работа и прекрасни се. Само пофални зборови
Женски дали ви се има случено да порачате преку iherb и да ви стигни писмо за почнување на царинска постапка и листа на документи кои треба да ги доставите меѓу кои и потврда од Биро за лекови? 2 пат порачвам и тоа само шминка и Cerave гел за миење лице, запазена е килажа под 1.8кг и 63евра е пратката...
Здраво на сите, дали знаете некое карго од Грчка, од Солун поточно, сакам да си порачам нешто од таму, а немам кој да ми го донесе. Дали некој има искуство до сега, да ја направам порачката со достава на локацијата на каргото и да ми ја испорачаат до МК, дали има начин?