Така пишува и за овде кога порачувам, но секогаш стигнува за месец дена. На пример: Нарачано на 5ти Мај ја очекувам до 5ти Јуни.
Помина месец.. Ги исконтактирав пред некој ден и им спомнав дали имаат инфо до каде е, но затоа што пратката не е следена не знаат ни тие, па ми понудија рефундација.. Прифатив, не ми се ризикуваше поради износот.. Ми ги префрлија парите по два дена Како за прв пат, немав среќа.. Криво ми е, но сепак задоволна сум со комуникацијата што ја остваривме и што ми излегоа во пресрет
Има некој порачано некој од молини, баш од овие модели, да ми каже како се удобни? Посебно ме интересира за ремчињата дали се оке, зошто имам зимано онлајн и ме сечеле или биле мн груби.
Има ли некој нарачувано од eros.underwear? Нарачав во март ми рекоа ќе стигне во април, дојде април рекоа во мај и еве скоро јули сме уште не ме побараа им пишав на сеен ме оставија...
Уште некој проблем со lookfantastic доставата? Видов погоре една девојка со ист проблем, ми доцни доставата, ми понудија рефунд ама барав истата нарачка повторно да ми ја пратат. Никогаш не сум имала проблем со нив, секогаш се биле на време, не знам што е работата. Некој искуство?
Здраво! Дали некој порачал од Инстаграм онлајн продавници како на пример Modish. mk, Bler's Closet, Bion Fashion...? Ме интересира дали пратките се исти како промотивните слики и дали стигаат на време? Фала ви!
Јас имам нарачувано од 3те продавници, фустаните ми стигнале исти како од сликите, достава како и останатите за неколку дена, ако сакаш можеш и да им побараш да ти пратат реална слика од производите, нема да те одбијат.
Ми се случуваше во екот на пандемијата вака, и после два месеци ми стигнаа едно по друго. Овој пат треба по обичното DHL да ти ја пратат, пред некој ден пуштив нарачка, ама и пред некој месец нарачував и стигна брзо. Добро, јас и во странство живеам, но се случуваат и тука такви дешавки.
Имам порачувано, не некои од овие модели ама исти им се како на сликите, не ме стегаат ремчињата и многу брзо стига нарачката.
ASOS врши ли испорака до Мкд? Колку е? Ја некако не се снајдов. Тоа што прочитав - сфатив дека не праќаат кај нас.