Исто е и кај мене. Една пратка еве денес по 2 пат ми ја праќаат. ( првенствената, препратено бидејќи не стигна и иста наведена причина како кај вас, денес повторно им пишав и побарав уште еднаш да ја пратат бидејќи фатив топ попусти тогаш). И изгубив надеж. Не ми е јасно шо праат искрено, поарно стај шипинг бар да стигне, него вака. Ххааааос. На некој му стигнала ли скоро од кај нив пратка?
Сте приметиле каснење кога пратката е во пошта 1003? До сега одма идеше кон општинска пошта, ама сега еве од петок е таму. Вчера и друга пратка стигна и таа уште е таму.
Јас направив порачка во март. За да ја пуштат во транзит и да ми ги повлечат средствата им требаше цел месец. До душа јас дури и помислив дека ништо нема да биде од порачката, кога гледам средина на април средствата повлечени. Си помислив супер ќе ја достават. Во мај одам на тракинг да видам што се случува, пишуваше дека е вратена назад кај нив. Ги контактирав и парите ми ги вратија на два пати по 50%. И тоа 50% во мај, остатокот во јуни зошто сум нарачала различни проиводи, мислам WTF . Искрено воопшто не сум задоволна. Добро е што во моментот не ми беше ни до парите, ни до производите ама многу неодговорно од нивна страна. Мислам дека веќе никогаш не би нарачала од нив. @kukla21 моите уште од 5ти си стојат во пошта без сменет статус за достава. Изгледа се по одмори па затоа каснат.
Па не знам што е, ама ич не е океј. Јас, пример, нарачувам и книги од Англија. Истите ми стигнуваат за 5 работни денови! Експрес! Значи, од Македонијава не ми стигнувале толку брзо нарачани работи, како од овде. Мислам, ако веќе постои некаков проблем, дај нека оневозможат шипинг до тука и крај, а не вака да не знае човек на што е.
Девојки, дали имате искуство со MyModa? Нема во мојот град, па сакам online да нарачам. Дали се со добар квалитет работите? Конкретно за сакоата ме интересира.
Не знам за сакоата, ама вака други работи искрено мене не ми се допаѓа квалитетот... Затоа и се толку евтини.
Треба да вратам производ кој го нарачав онлајн, а каргото кое ми го пратија производот нема канцеларија во мојот град. Како да го испратам производот?
Разгледај го профилот на продавачот од кај шо купуваш, дали има добри reviews, можеш и лично да му пишеш да се распршаш… Обично брзо враќаат и одговараат на прашања.
Ви се случило ли од Белина да ви испратат погрешен производ? Денес ја добив нарачката од 3 производи, 2 се океј, ама 3тиот е утнат.
Мене ми се има случено. Се јавив да им пријавам прво ми рекоа дека ќе ми го пратат точниот, да го вратам погрешниот. Ама бидејќи ми беше позгодно да го однесам продуктот дирекно во капиштец во дуќанот отколку да чекам, се договоривме таму да направам замена.
Мене ми се има случено, еднаш шампон ми испратија погрешен, веднаш беше заменет со платена достава од нивна страна. Производот кој е по грешка не го отварај, да не биде оштетен и врати им го во истата кутија што е пратен убаво спакувано. Во однос на тоа имаат ептен коректен однос. Пиши им веднаш на страната, кога ќе го пратат тој што треба ти им го враќаш грешниот производ. Мене ме интересира дали секогаш ви праќаат тестери, нели следуваат два над одредена сума, мене на толку нарачки, скоро на 10 дена им порачувам и многу ретко ми праќаат или јас сум грешка дека следуваат
Треба да си порачаш.да си ставиш во кошничката пред да нарачаш од кои сакаш.најдоле имаш едно копче пишува додај тестери.