На нарачка од Iherb ми вика дека е стигната во Македонија во саботата, а не добив нит картонче, нит некој ми се јавил. После овој статус колку се чека отприлика за да ти дојде нарачката? На врата ми се чини ги носат, зошто таблети нарачав, не е голема..
Дали некој нарачал нешто од Сара фешн и вратил? Се јавив и ми рекоа дека ќе ме поврзат и ништо. Потоа им пишав на месинџер и пак ништо. Што да правам? Сепак имам сметка над 1000 ден, не се работи за нешто ситно.
Нарачав од Lookfantastic после долго време, порано стигаа во пошта али сеа гледам ја пратиле со Fedex до Холандија а после има NL холандски тракинг број. Искуства дали стига во пошта или во Федекс кај нас?
Средив, ама едвај...јавувања па објаснување зошто сакам замена, па во продавницата не ги известиле, па хаос пак, како да ми прават услуга а уствари тоа е право на секој купувач.
Може ли некој што нарачувал од Zaful да ми пише, ме интересира за колку време стигаат нарачките и колку се плаќа поштарина.
Приватните пошти баш наплаќаат премногу 70% од сумата..Fedex, UPS, DHL преку 2000ден. шпедитерски,Ддв трошкови наплаќаат... Затоа не е добро ако стига преку прииватните. Ќе видиме.
Ти кажувам од искуство,нон стоп нарачувам истото е за тука. Праќаат преку федекс а потоа стигнува преку обична пошта или приватна пошта. До сега немам платено ни цент. Кога беше пандемијата имав порачано, најмногу се намачив со нив и никогаш повеќе. Пари ми вратија после три месеци,пратката не ми стаса.
Знае ли некој како оди нарачувањето од официјалната страна на guess, дали испорачуваат до мк и колку се наплаќа за достава?
Знае ли некој дали има некоја македонска страница за гардероба каде што може да се плаќа онлине со картичка освен Fashion Group?
Да те прашам за од Zaful зошто неможам да наплатам? Ми пишува нешто во врска со адресата има проблем.