Здраво дали некој има порачувано тренерки од страната Herline mk?? Каков е квалитетот на тренерките ? Гледам Викторија Лоба ги рекламира и е не се евтини
Тешко онлајн по евтино да најдеш..... пониски цени јас наоѓам само по нашите локални мали бутичиња, онлајн тешко... И имаш прифатливи цени во Амбар ама немаат онлајн продавница
Дали некоја од вас има нарачувано облека од Зафул?Како сте задоволни?Дали се исти како на сликите, и материјлот? Дај бре кажете продавници ко Зафул, ама да не се прескапи, мислам нека има и поскапи, ама не цела страна да е таква.И да прават шипинг до Македонија.Не ми се даваат во Сити мол по 2000 за крпи
Исти се како на сликите, но материјалите не им се баш добри. Имаат добри парчиња но ми изгледа дека ги имаат покачено цените.
За цената не. Одма се прават коленици на долните. Плус после неколку перења долните се деформираа некако. За таа цена мислам дека можеш да најдеш доста поквалитетни. Бар моето искуство е такво.
Јас од зафул пред 2 години нарсчав џемпери и задоволна сум. Идто така и костими за капење и од нив сум задоволна. Величините си се true to size.
Евтина гардероба и убава е Moda.mk , и јас барам убава и ефтина облека, па таму е многу добра според мене и даваат бесплатна достава со нарачка над 3000 ден. @Matea^_^ На инста да ги најдеш. Има уште неколку бутици што ги знам. Iveri, secret21, butik geto, my_shop1. Во сите тие бутици има достава. Можеш да провериш и Prendi бутик и тие имаат достава.
Дали имате нарачувано од Bion fashion ( и на фб и на инста ги има) и дали сте задоволни,ме интересира дали стига како на сликите?
Знаете ли некоја страна кај што можам да нарачам бебешка облека? Ама не мислам на нарачување од ФБ или наши страни, туку странски. Како Асос ама за бебиња
Златната средина би рекла дека е меѓу 62 и 90 евра. Над 62 евра за free shipping и под 90 евра за да не плаќаш царина. Последно кога нарачував не ми ја наплатија ДДВ, иако според водичот на царина би требало зашто нарачката ми беше околу 65 евра.