Јас се регистрирав и сега треба да почекам некоја ден па да извадам извод од банка и на него ке го има 4цифрениот број, така? или јас грешка ја сватив работата?
А добро откако ќе се регистрираш преку друга земја, потоа за нарачување како се прави за да стигне кај нас? Или тоа нема врска, не ми е јасно после како иде сето тоа, затоа што никогаш не сум нарачувала, ниту пак знам некој што нарачувал за да ми подобјасни како идат тие работи.
Кодот можеш да го видиш ,пр на тутунска банка идеш на она нлб клик и во промет во период во резервирани средства ти пишува таму пајпал и кодот е со * обележан ,а за другиве банки незнам во банка исто можеш да прашаш детален извод да побараш и ќе си го видиш кодот
Фала ви девојки ке проверам веднаш. Ми стигаат пораки ама кај мајка ми во телефонот , одам одма да видам. Едит Сега кога треба онлајн да плаќак одам на плати со пејпал и на секое ли треба да го внесувам овој код?
Не треба секогаш да го внесуваш кодот ,внесуваш само еднаш за верифицирање на картичката и толку после си одиш само плати со пејпал ти дава да се логираш и толку е
Девојки,дали има некој нарачувано од кинескиве страни,или пак купено производи што ги нудат на фб а се кинески.Сакам да си нарачам, вака убаво изгледаат на слики ама се двоумам.Доколку некој има искуство може да сподели.Фала.
Производите и ако се кинески се убави ,исто ко оние што ги купуваме секојдневно од гтц или на др место Јас си порачав некој ситници сега така да кога ќе ми стигнат ќе те известам
Јас си купив неколку кинески работи лани, додека бев летото во Америка. Им треба повеќе време да стигнат, иначе се како на сликата, немаат никаков проблем, само пази на големината, обавезно побарај мерки во цм, не се основај на тоа S/М/L, зошто се ситни луѓе тоа Кинезите
Никогаш не сум купила нешто онлајн. Не верувам во тие работи,знам дека стигнуваат ама маногу сум скептична! Нема врска подобро е кога ќе го видиш со свои очи и си знаеш од каде-кој и што е .
Женчиња не можам да ја најдам страната за купувај онлајн,имаше на реклами на канал 5 или сител.Ако ја знае некој нека ме просветли.
Мене ми треба страница каде што има ефтини работи а не скапи. Најдив јас две,од едната порачав што ми треба ама од другата има подобри и поефтини работи ама нема кој да ми ги донесе. Затоа,ако знаете некоја кажете
facebook - kupi od internet, имаат регистрирано и фирма. прочитав коментари од многу задоволни луѓе па и јас нарачав преку нив и сега сум во исчекување на нарачката.
Тие на фејсбук нарачуваат преку www.ebay.com можеш и сама да си нарачаш ако се зачлениш на пејпал нема потреба да им плакаш провизии на нив и онака зимаат скоро 1000ден повеќе од реалната вредност на произоводот
И јас сакам од кај нив нешто да порачам ама малку ми е сомнително пошто мн ефтини цени имаат Можеш да ми писеш кога ќе ти стаса нарачката.........инаку имам од други страни порачувано и секогаш се беше во ред ама овие имаат мн ниски цени на одредени производи и тоа ми е чудно
мојот акаунт на paypal ми е лимитиран,а со новите картички не успеав да се регистрирам,па ова ми беше единстевен начин за нарачка од e-bay
и мене ми беше чудно ама прочитав дека голем дел од производите ги нарачуваат директно од фабриката затоа е поефтино. кога ќе ми стигне нарачката ќе ти пишам подетално поздрав
девојки да ве прашам дали имате искуство со купување парфеми од мојагардероба.мк Некако 1800 ден за оригинален парфем 100 ml ми делува ефтино,а мене ми е за подарок,па ако некој има нарачано нека пише дали е стварно оригинал. еве линк http://mojagarderoba.mk/theone23-7017
Има некој нарачувано од нет од Sleek шминките? Гледам до Мк имаат мнг мал шипинг па сакам да нарачам нешто
Здраво, ме интересира дали и колку наплакаат царина од е-бау? доколку некој има порачувано, за колку време стига нарачката ? фала