Ги имам јас. Преубаво изгледаат. И удобни се. Јас бев скептик, обично чевли не порачувам од интернет, ама овие се ок.
Зара има сигурно, сум користела неколкупати. City mall има гифт картичка која може да се искористи за повеќе продавници. Fashion group исто има за нивните продавници.
1 месец. До 15 дена враќаат и пари, после 15 дена можеш замена да направиш или да ти ги стават на Зара картичка, па друг пат кога ќе купуваш да искористиш сумата од картичката.
за Зара зборувам преку апликацијата.Fashiongruop не се поврзани со Зара.Од кај нив за 5-6 дена ми идела нарачка.
Имам пробано два пати, ми ја прифаќа нарачката, ми наплаќа од картичката и после неполн ден ми ја поништуваат трансакцијата и ми ги враќаат парите на сметка. Паметам дека и пазев на доставата да ја има за Македонија, дури едниот продавач беше од Србија, другиот Англија. Немаше ни како поплака да им напишам или да барам одговор зошто и не ми се замараше веќе со нив, баталив. Едит: ова беше лани ова време.
Женски не знам каде да прашам, па сакам пробам тука. Имено во петокот направив нарачка преку fashion group, си нарачав чизми на попуст. Во саботата се јавив зошто на маил немав потврда за нарачката, ми рекоа нели гужва е, во текот на денот ако не добите маил дека има проблем, значи се е ок и ќе ви биде пратена нарачката. Во понеделник се јавив повторно и ми потврди дека ги има чизмите и дека ке бидат испратени во текот на неделата. Денес ми стасува маил дека производот го нема на залиха, се јавив и објаснив што се случило, ми рекоа за кратко ќе ви се јавиме да проверам, но не само што не се јави и кога звонам не крева никој. Дали имате искуство со оваа страна и ми треба контакт од некој одговорен, значи се изнервирав од некултурата на овој народ, планирам до крај да ја терам работава, срамота е значи.
Контактирај ги на маил, секогаш враќаат. Јас цело време нарачувам од Манго преку Fashion Group и сум презадоволна. За разлика од Зара се многу поуслужливи во однос на достава, промена на адреса и сл. Во врска со твојот проблем и мене ми се има случено истото летоска од Тимберленд коа нарачував. Направив нарачка на неколку мајци, као се ок и после ден-два ми стигна маил дека не се достапни. Мислам дека се водат според правилото "кој е прв во времето, тој е прв во правото" односно ако за некој артикл има повеќе нарачки се услужува оној кој прв нарачал. Можеби за твоите чизми имало повеќе нарачки а немало доволно залиха па додека стигнала на ред твојата нарачка да се процесира, веќе чизмите биле распродадени.
Исто и јас нарачав чизми од Тимберленд. Најтрагично во цела ситуација е што сега истите чизми, откако на мене ми ја откажаа нарачката, ги вратија на страната истиот број што јас го нарачав по цена без попуст. Значи до сабајелево ги немаше чизмите на страната, а сега само тој број го има. Ужас, се пренервирав цело сабајле.
Ако станува збор за тимберленд можно е.Маж ми петокот беше во ист гејт по чизмо ,биле оштетени нешто, се јавиле во сити да му чуваат број , имало од истите.Дури отишол ,ги дале онлајн. Инаку враќаат веднаш на меилот.По телефон се ептен нељубезни .