Од нама.мк имате нарачувано нешто? На Фб видов само позитивни рецензии, ама и вас да ве прашам. Сакам тегови за нозе да зеам, се мислам меѓу Ранерс и Нама.Совет?
И јас незнаев , прв пат нарачав лани во јули, и нема дополнителни трошоци ниту при достава од поштата до домашна адреса. За патики од 50 евра не платив ништо дополнително и free shipping им е се. Само што се чека 3-4 недели, но можеш да ја следиш пратката.
Првата нарачка ми беше 41 евро аксесорис нарачував , стигна за 28 дена и не платив ништо дополнително ми ја донесе поштарот. Втората беше патики 50 евра, и прашував овде на форумов ми рекоа дека над 45 евра се плаќа само ДДВ но јас не платив ништо , сигурно ја гледаат и тежината на пратката . Исто ми ја донесе поштарот, над 90 евра со сигурност се плаќа царина.
Немам порачувано досега од nama.mk и вака како страница искрено сега првпат ја слушам. Конкретно за Runners имаме двапати нарачано патики за мене и за татко ми и баш ни се погодија. Вака биле брзи и коректни, ние сме задоволни.
Од Нама планирам неделава да нарачам, ќе ти кажам ако те интересира кога ќе стигне. За Ранерс имам само пофалби
Дали сте нарачувале од basics.mk на инстаграм, поточно од овие блузи? Некако не сим сигурна за материјалот..
https://www.ladymakeup.com/ нарачувал некој од странава? рандом ја дознав сега кога барав нешто.Производите се живо џабе, само доставата е изгор.. Да си нарачам нешто.И дали прават деливери кај нас?Гледам седиштето во Краков е @Ahoy нарачав од Ранерс, ама пиши кога ќе стигне, да знам за другпат
Здраво, дали имате искуство со враќање на нарачки од Федекс. Порачував од една страна кај што пишуваше дека е фри деливери за Европа. Е сега они ја праќаат нарачката преку Федекс, и цената за подигнување на нарачката е повисока од самата нарачка. Дали постои опција да не ја подигнам нарачката? И доколку не постои таква опција како е подобро, они да ми ја царинат, да ја царинам сама со усна декларација или пак да ја царини друга шпедиција што јас ќе ја одберам?
Јас имав нарачувано од guess, ми ја пратија преку ДХЛ и мислев дека дупло ќе ми излезе но не платив ништо пратката беше и на царина следев преку македонска пошта, и кога ја донесе поштарот не платив никакви дополнителни трошоци, значи тоа е било преку ДХЛ обичното, а преку приватното што стига за 1 недела се плаќа дупло, е сега за федекс дали имат обично незнам стварно.. Јас по форумов читав дека ќе ми излезе дупло дека само ДДВ ќе платам но на крај ништо не платив..
Ова е Фершпед шпедиција, не е Федекс. Инаку, претерале со цениве, безобразно до немајкаде. Последниот пат кога царинев пратка беше преку Скопје Шпед, може 3-4 пати имам царинето пратки преку нив, секогаш ми наплаќале 900 денари услуга, плус ддв и/или царина.
Затоа што на сајтот на Гес има фри шипинг над одредена сума. Да, и јас мислев дека ќе платам повеќе а всушност не платив ништо.
И на работи од 25 евра имат free shipping, бидејќи беше преку ДХЛ мислев дека дупло ќе ми излезе ама всушност тоа било обично ДХЛ , ама сепак пратката помина низ царина. Секако мора да ја царинат и ќе платиш навистина многу, подобро одбиј ја пратката и нека ти направат рефундација на парите.. Стварно претерале..
Па ти кажав. Исто е било каде во Европа. Е сега за членкава горе 2100денари,мислам не вреди за пратка.
Тоа ме интересира дали постои опција да одбијам да ја подигнам пратката, ( пошто пратката е веќе во Мк), зашто мене производите ме коштаа 26 евра, поарно 26 да ги изгубам одколку да платам плус 50 евра.