Има ли некој нарачувано од PopBoho? Гледам многу убави фустани во бохо стил, каде има ваков стил на фустани на друго место?
Дали сте нарачувале од @mymodamk на инстаграм и каков е квалитетот? Или некој во продавницата ако бил да ми каже каков е сетов? Дали е премногу тенок материјалот и дали броевите одговараат?
Дечки какво е вашето искуство со дхл експрес? За пратка во вредност од 42€ и 20€испорака ми бараат да се царини. За нив не ли важи истата постапка за царинење, за пратки во вредност над 45€ да се плаќа увозни давачки? Знае ли некој кај да се обратам ? Некое мислење од вас...
здраво, Дали некој има искуство со страната farfetch и дали каснат и колку е поштарината дали земаат многу провизија и царина?
На колкава цена се царини пратка? Над 50 евра? Некој нека ми објасни како одат работиве. Треба да нарачам нешто онлајн и не сум сигурна дали ќе ми биде царинето.
Над 25 евра се доплаќа само ДДВ - 18% плус од вредноста, над 90 евра се плаќа царина, ддв, шпедиција. Ако ги добиеш преку ДХЛ ептен не се исплаќа бидејќи си додаваат "лежарина" и други измислици.
Од Deciem, the ordinary, преку која пошта стигаат пратките? Стандард само шипингот 4.99е или има додатни трошоци?
Мене ми стигаат преку брза пошта, со тоа што некогаш ми се јавуваат да одам да си ги подигнам од пошта (главна кај Железничка, само се влегува од страната на Аеродром за брза пошта), а некогаш курир ми ја носи до дома. Обично гледам да имам мин 25 евра за да не плаќам шипинг, а други трошоци нема.
Дали некоја купувала пудра онлајн? И дали знаете да ми кажете колку е цената на Мејбилајн Фит ми кај нас?На странава кај шо сакам да нарачам е 4 и нешто долари, и ми ептен прифатливо, бидјеќи не сум човек што дава кузнае колку пари на шминка. Од овие вака шо гледам, првата највеќе ми одговара пошто сум светла у моментов. Као да си погодам? едит: глупа сум имало и други нијанси ама како да знам дека е тоа-тоа.Ја вака доближувам дланка до пудрата.Обично beige зиам
Јас воопшто не сум задоволна од оваа пудра. Мене ми ја менуваше бојата после саат време и бев портокалова