Дали имате порачувано суплементи преку iHerb (www.iherb.com), дали стигаат, како сте задоволни? Дали сметате дека производите што ги праќаат се оригинал?
Дали знаете дали Молини вршат замена на број? Си порачав штикли ама го утнав бројот. Ќе ги тагнам @Dream-Girl и @Reina.Gitana бидејќи ако не се лажам вие имате нарачувано од таму.
Искуство со My moda? Знам дека имаат продавници, бев денес ама моделот што го сакам го немаат таму, само онлајн.
Извини пак јас Отидов таму со скриншотови од фармерки, се разочарав ептен, некако чудни кроеви, куси, ефтино делуваа, мој впечаток ги билдаат ептен стварите на сликите, едино ми се погоди овај фустан, баш како на сликата е, јас лани го порачав ама гледам и оваа сезона го продаваат Порачај, ако не ти се допаѓа имаш можност за замена
Според мене, MyModa, се премногу фејк. Ми се случило да видам нешто на инста и кога ќе отидам таму врска нема, одвратно е парчето. На членката погоре би и пепорачала да си оди дирекно во дуќан да си види, да не се зезнеш
Да се надоврзам посебно со тој бутик задолжително пробувајте си ги работите.Ги спонзорираат работите на Инстаграм и кога ќе отидам во живо ништо не е исто.Баш денес пробував едни панталони им се откопчуваше патентот. Персоналот исто треба да се коментира, ама темава не е соодветна за тоа...
Јас еднаш влегов и никогаш повеќе. Имаше исфлекани и искинати парчиња и се малечки броеви. Девојките -деца што дремат на телефон и толку.
Искуство со купување Converse онлајн? Дали треба да изберам еден број помал од тој што носам? Обично адидас 22см е 36 број а Converse?
Здраво, дали имате порачувано пижами од women s secret, дали им се квалитетни, бидејќи некако не им се баш евтини, сакам да порачам он лине ама не знам за квалитетот, ако некој има од таму купено да сподели