Женски некоја месециве дали нарачувала од lookfantastic да ми каже дали е океј со нарачките и дали стигнуваат на време кај нас?
@cool знам дека е скап . Лани читав дека имало проблеми со нарачките. Па сакам да нарачам оваа година ме интересира дали стигнуваат на време. @SanelaS Јас пред 3 години направив нарачка . Малку измешана дојде со не нарачани модели пошо тие што ги сакав биле распродадени . Но во глобала беше океј. Оваа година им пишав пак. Можам да ти кажам дека не се замараат многу. Никако не можев да ја комплетирам нарачката незнаев што како имаат , мене бавно ми враќаа и се откажав. Ако направиш нарачка баш сподели
Дали доколку нарачам одреден продукт, пример дуксер еве, меѓутоа големината не одговара и сакам да го заменам, а продавницата ја нема саканата величина, имам право да изберам друг продукт, а да не доплатам или треба да се доплати?
Зависи за која продавница станува збор, не се сите по ист принцип, меѓутоа законска обврска е да ти заменат а доколку нема број може да одбереш друго меѓутоа не со помала вредност, туку иста или поголема цена (да доплатиш) а можеш и да не доплаќаш, вака е по моловите.
FashionGroup, Springfield и Манго конкретно. Ми ја прифатија замената (200ден. + е заменскиот продукт), никаде не спомнаа дека треба да доплатам, па ќе видиме кога ќе пристигнат. Чисто ме интересираше дали морам/треба да доплатам, фала
По закон смееш да вратиш производ во рок од 15 дена и да добиеш пари назад, ако не е употребуван или оштетен. Затоа што ете, нема број од тоа што сакаш пример. Наведениве се фирми кои работат по законски прописи, така што не верувам дека ќе прават проблем. Тие 200 ден се веројатно доставата, тоа може да наплатат или не, зависи од тоа каква политика си имаат интерна. Ако е нивна грешка апсолутно не треба да наплатат.
Е, па не кажуваат они ама од карго ќе ти наплатат плус 200 ден и тоа што правиш замена 150ден (пак се плаќа карго) а кога враќаш производ и да треба да ти рефундираат средства тогаш не се плаќа карго.
Пандора нарачките за колку време стигаат? Порачав и сега гледам на меил за 3 работни дена ќе ве информираме за статусот за нарачката, јас очекував да стаса за 3 дена
Препорака за бутици во Скопје или Онлајн бутици сеедно, со добар квалитет на женска секојдневна облека? Во последно време приметувам дека многу е намален квалитетот на облеката од каде и да купувам. Благодарам
Dali nekoj znae kade mozam online da najdam majka kerka mi treba kombinacija na obleka po moznost ista boja
Во продавниците во молови кај што имаат и детска облекла и облека за возрасни разгледај дали нешто ќе најдеш да искомбинирате. Немам деца, но братучетка вака имаше најдено исти фустанчиња, за роденден на ќеркичка и.
Порачав нешто од guess.eu но системот грешно ми го пиша презимето, како не знам. Пишува Legacy наместо моето презиме. Им пишав на четот девојката ми кажа ќе ми пратат мејл да го сменат во базата на податоци. Ми стигна мејлот,сменија се ама ми кажаа дека пратката е во транзит и не може да се менува презимето. Прашањето ми е дали ќе ми ја дадат пратката? Ја воопшто не знам како се смени,точно си напишав се.