Се плаќа, зависи цената од која земја порачуваш... затоа добро ти е да имаш некој во странство што ќе може да ти ги донесе... ко што праам ја
имам нарачувано и сум била задоволна од работите што ми пристигнале иначе нарачувам (т.е ми нарачува еден братучед) на www.ebay.com
Јас имам порачувано лекови онлајн, ги испраќаа од Америка. Не стигнаа... Потоа ги порача еден другар од Америка за да му стигнат нему па да ми ги донесе и два пати му стигнаа, еднаш не. Се јавува не може да ги добие, постојано им испраќа меилови, ништо...Сега преку банката ќе се обиде да ги врати парите, ми рече дека најверојатно ќе му ги вратат. Сакав да речам, порачувајте само преку сигурни сајтови. Од Викторијас сикрет знам дека стигнува. Проверете два пати пред да кликнете.
јас на ова наидов пред некое време, ама немам порачано ништо http://www.shoppingusa.mk/ го има и на фб од таму го најдов http://www.facebook.com/pages/shoppingu ... 8729244606
Има ли некој порачувано од forever21.com?? Ако има, дали доставуваат до МК и колку чини доставата??? Фала однапред....Позз
Online шопинг (купување облека преку интернет) Имате искуство со купување облека преку интернет? Сте нарачале нешто? Дали сте задоволни? Од МК или странски сајт? Јас некако повеќе сакам да ја пробам облеката, да ја допрам барем, пред да ја купам. Ама гледам дека цените на странски сајтови за попристапни отколку кај нас, дури и за исти производи. Ваши искуства?
Online шопинг (купување облека преку интернет) До сега сум купувала преку интернет ствари но само додека живеев во Америка и да бидам искрена, се беше во ред ...немав промаш на ништо дури и мобилен си купив преку и-беј и супер е еве го и денес го работам, парфемите беа оргинал....се се беше супер. Е сега и јас се распрашував да порачвам да стигнуваат работи во Македонија, но не можи преку сите срани бидејќи мораш да имаш некоја заштита на картичката како што е пеј-пел, а има една станица шопинкуса ( извини што пишувам на Мк ама мора ), таму ми кажаа дека ќе треба да платам некоја провизија за сајтот, па после царина, па испраќањето....и кога ќе видиш за истите пари ќе купам од тука и се одтажав
Постов го напошав пред извесно време, да не се повторувам само го ископирав: Јас сум XXL и гардеробата ја нарачувам преку интернет. Кај нас да се најде број 48-50 а парчето да не е ко за баба ми е научна фантастика. Моето искуство е позитивно во повекето случаи ама нарачувам од две продавници каде што си ги знам броевите. Меѓутоа, има различни кроеви, пример некои кошули се повеке струкирани, некои се прави. Или матријалот од кој е изработено парчето, како опис стои памук меѓутоа може да е најтенка провидна памучна блуза до памучна блуза која е за -15. Во повекето случаи има детален опис па е полесно да одредам кој број ми треба, меѓута ми се случило и да ми пристигне пратка па мајка ми да има среќа бидејки е поситна од мене А кога ке пристигне пратката, иде на аеродром па мораш да ангажираш шпедиција која чини минимум 3000 денари, лежарина околу 1500 денари, царина 15% за текстил па ДДВ 18% на целата сума вклучувајки го транспортот и 15те проценти царина. Уште да не заборавам, вредноста која е дозволена да се внесе за да не се наплати царина е 45Е. Значи ако фустан со транспорт го платиш 6000 денари, кај нас ке те чини: 6000 фустан 900 15% царина 1242 18% ддв 3000 шпедиција 1500 лежарина ------------ 12642 денари Повекето од продавниците вршат замена без проблем, ама откако ке ги платиш сите овие давачки, па уште транспотр назад до Америка, нема смисол.... Со искуствата што ги имам, јас конкретно венчаница не би нарачала преку интернет. Јас нарачувам од е-продавницата JCPenney.com Нема потреба од Pay Pal сметка, ги примаат нашите картици без проблем. Пакетот пристига за 2 недели. Гардеробата не е баш последен збор на модата ама се наоѓа по некое парче. За квалитет нема збор, плус испод секој артикал има критика од корисници па може да се прочита мислење. Ако некој се реши да нарачува, нека земе во предвид дека американските броеви се малку поголеми од нашиве. Има броеви за слаби, за ниски лиѓе, за дебели и за високи, а не како нас Оне сизе фитс алл Исто на крај, при избор на начин на транспорт, изберете ја поефтината опција зошто така пакетот ке стигне во пошта па се избегнува шпедитерскиот трошок и се плаќа само царина и ддв. Давачките ги напишав горе. Е сега кога сме на оваа тема, случајно наидов на МК сајт кој наводно се занимава со транспорт на пратки од УСА кај нас: shoppingusa.mk Сајтот ми изгледаше лито, ко измама да е. Адресата која ја наведуваат за испорака во УСА е обична куќа а не магацин (проверив на Google Earth); нема адреса на фирмата во Скопје, ниту телефон, ни име и презиме, само некој си припејд мобилен... Facebook коментарите од задоволните купувачи повекето се лажни оти отидов га ФБ да ги побарам и не постојат такви профили. Една од наведените која постои (демек проблем е да се креира лажен профил на ФБ) ја исконтактирав и еве што ми одговори: ////////////// Zdravo, pretpostavuvam deka sekoj e skeptik na pocetok vo vrska so shoppingUSA. Istiot slucaj bev i jas i mi trebase vreme dodeka se odlucam dali da naracam. Ne znam kolku prasanja im postaviv, no site mi bea odgovoreni. Vo sekoj slucaj ne e izmama, sigurno. Plativ so internet karticka bez problem, se konsultiravme preku mejl vo vrska so toa kako sakam da mi bidat isporacani rabotite, neli ako se od razlicni prodavnici (pr. vo 1 ili 2paketi, bez etiketi...) Mene najgolem problem mi bese carinata, se plasev da ne mi naplatat duplo, no dobro pominav. Na vrata mi ja donesoa pratkata od posta i za 4brendirani parcinja plativ carina i ddv 1500den. Toa e bas poradi adresata za koja ste proveruvale. Koga mi stigna paketot kaj isprakacot imase konkretno ime i prezime i adresa vo New Yersey. Sprotivno da bese od nekoja prodavnica sigurno carinata ke bese mnogu pogolema. Pretpostavuvam deka toa e navistina kuka na nekoj nas makedonec koj zivee tamu i gi znae site ovie finti za izbegnuvane plakanje na davacki na drzavava) Rabotata e samo deka web stranata e oficijalna, zatoa e navedeno magacin, sigurno ako imase napisano kuka, nikoj nemase da naracuva) Inaku tie voopsto nemaat firma vo Skopje, osven navedeniot mob.broj koj se odnesuva na plakanjeto. Kako i da e jas vi preporacuvam da naracate, zatoa sto i pokraj provizijata i transportnite trosoci ke si priustite kvalitet sto go nema kaj nas za eftina cena, osobeno periodov koga ima popusti. Se nadevam deka vi pomognav ///////////////// Толку ми е очигледно дека одговорот е на тој што го работи сајтот. Значи фирма нема, нарачуваш на слепо кај некој Трајче во Америка и се надеваш дека ке ти стигне робата. Некој се обидува да заработи некој денар тука и тоа е ок, само што нема никаква гаранција. Ако не стигне, да сме живи и здрави, нема кој да одговара. Да сум со нормална тежина не би се замарала со интернет, ене го Солун на 2 часа од тука, и ништо не е подобро од проба пред да се купи..... Ај кажете ми да не има некој искуство со ова и што мислите
Shana firmata e legitimna ne e izmama. Istata ima smetka kaj nas vo Stopanska Banka. Znam lugje koi naracuvaat i ne e problem nikakov. Rabotata e samo sto namesto da naracuvas direkno kako stranski kupuvac, so stranska adresa ja neavduas adresata vo New jersey. Potoa oni ti gi ispralkjaat kako da ti se rodnini ili prijateli t.e kako poklon. Znam kako ide toa zatoa sto mi isprakjaat i mene raboti od USA rodninite. Kako i da e jas naracav od ovde pa kje vidime kako kje bide. Iako od lugje znam deka e verodostojno. Na drugarka mi i stigna dolen ves od Victoria Secret vo dogovoreniot rok. Taka da eve vi iskustvo. Koga kje mi stignat moite raboti kje pisam za moeto. [mod-kirilica:2ed99kff][/mod-kirilica:2ed99kff]
Online шопинг (купување облека преку интернет) Nena2010, да ми пишеш обавезно!!!! Ако е така, има многу е-продавници во Америка за XXL жени со пристојни цени!!! Треба да се слабее но кога не ми иде, барем да сум пристојно облечена
Online шопинг (купување облека преку интернет) Важи Инаку јас како ЦИА ја испитував фирмава па после се одлучив да нарачам. Дури и им се јавив да ги испопрашам све и свашта )
Ај некој нека ми препорача страна за очила за сонце и нека ми ја објасни процедурата како оди тоа порачување,колку се чека и колку се плаќа достава
Дојде денеска нарачката од shoppingusa.mk Пријатно се изненадив дека дојде 4 дена порано. Производите беа во ред, не е никаква измама. така да женски еве ви исклуство од прва рака. Сигурно пак ќе нарачувам.
Опсесија ми е онлајн шопингот. Ептен е лесно... си седиш дома,гледаш што сакаш, редиш број на картичка и чекаш да стигнат. Само јас имам проблем со транспортот. Нема како да стигнат до кај мене затоа што јас порачувам преку персонална картичка, преку пошта е малце поскапо а за во контењер е малку. Кој е во можност нека проба
Имам нарачувано многу од интернет ... Од различни страни ... НО после тоа што ми ја пробија картичката ме опљачкаа и ми влегоа во минус,и притоа имав отежнета комуникација со банката, ги откажав сите картички.Сигурно си е сигурно!
Ја отварам страната е bay ,ама некако не можам да разберам,си најдов очила за сонце и сакам да ги порачам,ама нешто кажува дека се како на аукција и им тече време на наддавање...стварно не ми е јасно како да порачам....и бара нешто како акаунт да направам.... ај хелпппп,многу ги сакам очилата а и евтини се,за разлика од кај нас
мислам дека од е-бај не можеш да нарачаш за Македонија..пробај преку www.shoppingusa.mk , прочитај ги упатствата убаво
A девојче,имаш ти порачувано така?стига брзо и поштарина колку е?колку што разбарав треба да се регистрирам,да го пишам кодот на продуктот и да платам со некоја од наведенита картички фала ти