https://www.facebook.com/pages/Online-% ... 3706481218 Дали некој има порачувано од оваа страна? Имам одбрано некои работи така ама не сум баш сигруна.
Па по преведот ништо чудно, но зошто по две имиња би се воделе, не знам. Патем, мое извинување. Решив да проверам и излезе дека јас Shopping MK сум ги контактирала.
odamna sakam da pisam na temava oti mi e specijalnost, veke odamna na sin mi a i vo posledno vreme mu kupuvam od amerika preku shoppingusa i da vi kazam deckite se super dve godini poracuvam preku niv, se mi stignalo, nemam nikakvi zamerki, top se. E samo sto mene mi trebase malku vreme za da najdam nacin kako najeftino da kupam i da zastedam na provizija i transport e druga rabota. Sega mi trgna pratkata so obleka i obuvki. Ako mozam nekomu da dadam druga informacija povelete.
ПОРАЧУВАЊЕ ПРЕКУ ИБЕЈ ЗДРАВО БАШ БИ САКАЛА ДА ПРАШАМ ДАЛИ НЕКОЈ ИМАЛ ИСКУСТВО СО ОВИЕ http://kupuvanjeonlajn.webs.com ?????? ПОШТО САКАМ ДА СИ ПОРАЧАМ СЕТ ЗА НОКТИ ПРЕКУ ИБЕЈ И ПРЕКУ ОВИЕ ? АМА НЕКАКО СТРАВ МИ Е И НЕ СУМ БАШ СИГУРНА БИДЕЈКИ ЈАС ТРЕБА ДА МУ ПРЕФРЛАМ ПАРИ ПА ОТПОСЛЕ ОН КЕ МИ ДАДЕ ПОТВРДА ДЕКА ЈА ПОРАЧАЛ ПОРАЧКАТА ???? ШТО ДА ПРАВАМ ВЕ МОЛАМ ПОМОШ
ooof ve molam kazetemi dali nekoj ja znae stranava VE MOLAM mi izgleda okej i neprevarantsko no strav mi e zatoa ve molaam ako nekoj znae ? http://kupuvanjeonlajn.webs.com/
Aко на некој го интересира за шминки,како за Urban Decay,Too faced,Opi и други ги има овде. Bидов дека и во Mакедонија испорачуваат http://www.beautybay.com Edit...испорака(деливери) е бесплатно,јас имам порачувано и секогаш ми стигнуваат на време за две недели
http://www.facebook.com/Modni.Dodatoci?fref=ts Кетрин на ова мислиш така?Ги гледав јакните,многу ми се допаднаа.Знаеш некаде да ги има на друга страна поефтини?Thanks!
Девојки да прашам, сакам да купам патики од амазон, но ако може некој да ми обасјни како оди постапката и дали испорачуваат тука?
Jас имам порачано од таа за која прашував погоре и ми стигнаа порачките.И доста лесно,само пари преку трансакциска им испратив и тие после неколку дена порачката ми ја доставија.
Јас нарачав од купи од интернет па ќе ви пишам што станало.Инаку преку нив е малце понапорно купувањето.Тамам уплатив јакна-им пратив линк нели која ја сакам од e-bay и ми вратија дека ја нема веке на тој линк!Па ајде барав други ,па сите што ми се допаѓаа беа само со наддавање да ги купиш ,па ајде и се наддавав ама изгубив, до многу висока цена отиде јакната изгубив денови дур најдам друга јакна,па плус треба да пазам дали е сигурен продавач на интернет,колкав рејтинг има фидбек и слично.На другите страни полесно ми се гледа,одма ставаат слики од парчиња кои се веднаш достапни,па место да луташ по страните каде што има... Инаку ,ме интересира за конфекциските броеви како нарачувате?На пример за јакна ако димензиите што се достапни се на пример 98 за граден кош,земате точно тој број кнап ,или си земате поголем бидејќи нели сепак јакна се носи со нешто одоздола ролка,џемпер,па да има место...?
http://www.dx.com нема што нема, а испораката до МК е бесплатна. Одете каде што се ѓерданите има за по 6-7 евра стејтмент ланчиња, итн...
Само што ги начекав овие Купувај По Нарачка на ФБ, видете ги, може на некој ќе му бидат од корист (кратко ѕирнав, имаат преубави јакни на понуда)
Девојки, прочитав дека некои од вас веќе купувале преку ebay. Јас сум во план да нарачам некои работи Спојлер http://www.ebay.com/itm/HOT-2012-Women-Girl-Vintage-Fashion-Plant-Style-Blink-Headband-Hairband-Hair-/180941182299?pt=US_Hair_Accessories&hash=item2a20ef555b http://www.ebay.com/itm/300835087701?va ... 1438.l2649 http://www.ebay.com/itm/170927369400?va ... 1438.l2649 http://www.ebay.com/itm/140899172638?va ... 1438.l2649 http://www.ebay.com/itm/261134009056?va ... 1438.l2649 и сега имам едно прашање до вас, што веќе имате нарачувано. Сите ги натокмив да бидат со фри шипинг освен наметката, е сега, дали ќе има некои додатни трошоци од нашите цариници оти прочитав некаде такво нешто? Ако има, ме интересира и колку. Бидејќи нарачувам прв пат од ebay ме интересира и колку сте задоволни, бргу ви стасуваат нарачките? како на сликата се? И за крај ако некоја од вас може подетално да ми објасни како оди плаќањето. Фала ви однапред
А не ти е полесно преку посредник да порачаш.Јас така порачав наочари.И тој ми кажа точна цена со се производот и провизија.И нему му уплаќаш и тој врши натака уплаќање.
Па и тоа ми беше опција, да нарачам преку братучед ми(веројатно нема да ми земе провизија ). Само не ми е јасно околу шипингот, дали ако е фри шипинг стварно не зимаат пари за достава?
На ebay навистина има интересни парчиња облека, но најчесто оние поефтините кога ќе ги видам сликани на чајна моделки кои веднаш ме асоцираат на многу ситни и слабички девојки и бројчињата s,m,l ми се сомнителни, па некако ми е страв да порачам. Инаку немам до сега негативно искуство со онлајн шопинг, мана е што се чекаат порачките со бесплатна достава долго време. Убав бизнис си направија тие со пејпал акаунти кај нас , некои имаат и пренабиени цени и провизии ама не сум ги користела нивните услуги до сега. Не лажат одамна дека ќе ни овозможат регуларно пејпал за мк ама изгледа уште долго ќе чекаме ама и ќе се снаоѓаме.
Јас на ибеј ги најдов НАЈУБАВИТЕ патики на светот и ми се скрши филмот после затоа што се број 11, што би му дошло 45,6.. А јас носам 39. Има некакви шанси патиката да има мал калап, па да ми биде приближно точна?
Ај ако сакате пишете ми некоја страница за детска облека а и за возрасни да не се плака превозот а и да се плака барем минимална да е Некој што си е нарачал и што му стигнала пратката.Благодарам однапред