Сакам да прашам како може да се купува на www.forever21.com,никогаш немам онлајн купувано,а тука има многу убави работи за малку пари и дали се плаќаат патни трошоци.Можеби има во претходниве постови напишано ама не можам сите да ги читам,таа што знае нека пиши.
Можеби во некој претходен пост сум ги пофалила Купи од Америка, но се поправам. Не само што нели треба да платам пред време, без да видам како изгледа во живо нарачаното, туку чекам веќе 3 месеци едни проклети обетки да ми стигнат. Ај тоа што пакетот кој стигна не беше ко што треба. Величината беше лоша, туку и им пишав неколку пати, цело време велат ќе проверат до кај е другата нарачка и никако да го направат тоа. Уште имаа лице да ми пишат да ги пофалам на профилот на фејсбук. Ма дали се нормални? Идиоти.
За жал не може да се купува од Македонија, им пишав и маил пред некое време и во истиот ми одговорија дека немаат планирано во блиска иднина да ја стават и Македонија на листата.
Девојки ај кажете им страница каде што можам да платам со Виза картичка? Да не биде скапо, асос не ми се свиѓа ништо .. некоја друга страница? Енибоди?
Девојки има ли некоја од вас искуство со странава https://www.facebook.com/internet.poracki јас им пишав, ми рекоа дека прво се плаќа па тогаш се порачува нарачката и за 15 до 25 дена порачката стигнува на домашна адреса. Ако порачката е до 1500 ден провизијата е 200 ден. А ако е над 1500 ден провизијата е 15%. Дека може да се поарача секој производ од Ebay и дека може да се направи порача и помала од 1500 ден. Јас си го бендисав часовникот Само сега се мислам дали да порачувам или Било каков совет, пофалба или критика ќе биде добредојдена
Денеска официјално ја пуштија страната на Купи од Интернет. http://www.kupilesno.mk Сеуште не им се додадени сите производи, меѓутоа се наоѓаат доста добри работи и плус по достапни цени. Јас досега имам порачано 3 пати од дечкото, и доста сум задоволна.
http://www.facebook.com/sakam.moda Дали некој купил нешто од тука. Ја сакам да си порачам еден фустан само малку сум скептик па затоа сакав да слушнам ваше мислење. Позз
јас имам порачувано преку слична страница на оваа,и ми стаса производот во предвиденото време задоволна сум.Само најубави е да разгледаш повеќе страници бидејќи некој ставаат навистина високи цени за исто парче.
И мене ми фаќаат око долгите фустани од Сакам мода сајтот, и цена и модел ми се солидни, баш за приликата за која барам, а и неверувам дека поефтино ќе поминам ако шијам сама. Ама некое искуство барем?
Има ли некој порачувано од овие страни? Има преубави и ефтини работи, како му фрлив мерак на еден часовник Дечко ми извади пред некое време Виза картичка па мислам да му ја позајмам Само ми е страв да не не стигнат Еве ги страните.. http://www.ioffer.com/ http://www.wholesale-dress.net/
За втората страна за плаќање бара паупал,првата не ја знам.Еве ти една кај шо се плаќат со картичка aliexpress.com
Денес првпат порачав па сега ко ке стигнит (ако стигнит) ке ви кажам.Платив со Виса електрон од халкбанк.
Јас ги најдов на фејсбук и многуу премногу поплаки има дека не стигале производите и дека се измама било еве http://www.facebook.com/shopaliexpress
Имат различни селери(продавници) и секој за себе си работит,странава ништо не гарантират,зависит од селер до селер.Зато се провервит Фидбек,и нормално не се порачвит ништо поскапо.И да го испратет тие секогаш има шанси кај нас ко ке стигнит да зафркнет работа.Зато поефтини работи се порачвет па и да не стигнит да не е голема штетата.
Јас сакам да направам нарачка од iOffer деновиве, намерачив поклон за дечко ми и ќе го земам. Работата е што читав на интернет странава е со висок ризик и многу лажни продавачи што денес ги има, а од утре ги затвораат профилите, ама решив сепак да прифатам. Со оглед на тоа што има стварно добри понуди и многу луѓе кои секојдневно купуваат верувам дека ми се исплати. Заштита нема, како мерка на претпазливост препорачуваат да се читаат коментарите кои ги оставаат другите купци и рејтингот што го имаат, но нема никаква гаранција дека ако нештото не ти стигне ќе ти вратат пари како што е на Amazon или eBay. Плаќање со PayPal и препорачуваат да се избегнуваат продавачи кои инсистираат на префрлање пари преку Western Union, трансфер на пари преку банка и никако оставање податоци од картичка. Повеќе информации има овде http://www.ioffer.com/entries/show/27763?type=tips
^^ Од првата немам, ама од втората си намерив штикли, има и бројче јас ќе порачам од таму но преку една страна на фб https://www.facebook.com/internet.poracki Штиклите ме фаќаат околу 1200ден, со достава до дома, стигнуваат за 15 до 25 дена. Деновие ќе порачам па ќе видиме, дали ќе стасаат. Да прашам дали некој знае како да се пресмета производот со се поштарина од странава http://www.wholesale-dress.net/