Здраво, дали некој знае како функционира страницата моја гардероба каде може да се продава и купува облека. Некој да ми објасни на кој начин се доаѓа до производот дали преку карго се испраќа, на кој начин се плаќа, на кој начин доколку продаваш ги земаш парите... Некој ако знае да ми објасни. Ви благодарам
@К.М* Одиш на производот кој ти се допаѓа и кликнуваш на тоа "Го сакам ова" во розевиот правоаголник. Со тоа автоматски ќе му пратиш порака на членот кој го објавил артиклот. Пред да се испрати пораката, ќе ти се отвори посебно прозорче, па така може и да допишеш нешто ако сакаш. Или може и да му пишеш одделна порака на членот. Околу праќањето, се договарате лично околу каргото, кога ќе ти го прати и плаќаш кога ќе ти стаса. Исто лично се договарате кој ќе ја плати доставата.
Многу често нарачувам и задоволна сум. Најчесто нарачувам од категоријата брза испорака затоа што нивниот рок за достава е до 10 работни денови, плус повеќето имаат димензии. Категорија Ново се чека до 30 дена, па таа ја избегнувам. Се што до сега сум нарачала има одличен квалитет. Имам 2 зимски јакни, неколку пролетни, фустани, комбинезон, патики, чизми, костими за капење, веќе не ни помнам што се имам Доставата е 240 ден за нарачки до 3200 ден, над 3200 ден е бесплатна. Ако имаат различен рок за достава, цената на доставата се дели или ако нема достава си плаќам само тоа што стига. Замена прават за број или враќаат пари, само доставата си е твоја. Сајтот е едноставен, со сите информации. Кога ќе кликнеш на бројот што сакаш да го нарачаш има точни димензии и се водам по нив. Имам парчиња од Ѕ до L. И многу ми се допаѓа што на мејл ти стигаат информации за се.
Здраво, дали некој нарачувал од тие интернет страни по фб што има ротирачки четки за коса, тие со фен што се имитација на дајсон хаха, и да кажете искуства и од каде бидејќи ми треба вакво нешто а еднаш имам порачано од една и чад излегуваше од неа.. ужас. Ако има некој искуства или каде можам да најдам вакво нешто да ми препорача. Фала
Се убив од порачување од Шеин, се што ми стаса се е убаво,исто како на слика. Презадоволна сум. Само треба да се внимава со броевите ама си има објаснето сѐ, плус има посебна категорија за plus size и за високи девојки. Штета што не испраќаат до Мкд ќе заборавите по дуќани да шетате. Приметив дека речиси истата роба е по дуќани и на Шеин само по дуќаните е дупло поскапа.
https://www.facebook.com/Outlet.Macedoniaa/photos Има некој искуство со оваа страна? Ако има некој порачано од конверс моделите нека сподели искуство
Јас имам земено вакви Конверс, не од оваа страна, но се истиот квалитет како оние што ги продаваат на Битпазар. Не се издржливи повеќе од една година. А ако само нив ги носиш тераат само една сезона. После тоа попушта лепакот и од сите страни се одлепуваат.
Направив нарачка од спорт м ама после 1 сат се премислив за едни патики и одма им пишав меил дека сакам да ги сменам дур не се пратени. Имате вакво искуство? Дали ви вратиле дека може да се направи промена?
Девојки има ли некоја порачувано од Agnesa collection? Како се со бројчиња, тоа што го носите го порачувате или помало/поголемо?