Препорачајте онлајн продавница со распродажба на летни работи? Фустани и сл. Допрва на летен одмор јас, да се подновам
Јас се подновив со сет со сукна и фустан-кошула од Нју ми бутик, навистина ниски цени, а добар квалитет за цената и брза достава. Цените околу 600-1200 зависи за што. А нарачав и костим за плажа од Ивет, пошто исто допрва на море ќе се оди, се уште не ми е стигнат, добро ме потсети да им пишам.
Да ве прашам дали некоја феминка има земано од патиките на Марабела и како сте задоволни од квалитетот?
Па толку е доставата, зависи дали имаат на залиха, ако имаат ќе пратат побрзо, ако не, ќе почекаш. Од Алиекспрес им се работите затоа и се чека толку.
Здраво,сакам да прашам дали некој од вас има нарачувано од nshpi.shop Косово,ако да,како сте задоволни и дали се оргинал работите? https://nshpishop.com/?fbclid=PAAaY...KrOZJYitXmJrvNUgBF3zMY2BHbgqQNr8CU8Xc0bWIdbDk
https://instagram.com/lifestyle.mkd?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg== Некој искуство со оваа страна? Дали се ок патиките?
Дали некој има порачувано од страната миола? Убави алишта има па ме интересира дали се такви како што ги гледаме по сликите. Фала
Zdravo, dali znaete dali moze od amazon da se poraca online pratka da stigne vo Makedonija? Dali se plaka carina? Konkretno sakam da poracam caj sto go nema kaj nas, pa ne sum upatena kako odat procedurite. Blagodaram odnapred
Најчесто за Македонија нема достава од Амазон. Ако има, да видиш колкав е шипингот, иначе мислам царина не се плаќа до одредена сума, ама не знам точни колкава е таа сума.
Не знам за вас, јас од ,Sarita prodazba никогаш нема да порачам, мизерен однос со клиенти,им треба 10 саати да одговорат, да знаете дека нема да ви направат замена на стандард парче, абе на кратко ужас се. И една недела еден пар пантолони е 750 ден , за по две недели да стават дека даваат акција два за таа цена, ало ние луди ли сме што сме порачале и платиле повеќе.
Абе не им порачувајте више на тие, нема кој не измамиле , добро познати преваранти се одамна. Еднаш ќе порачаш, ок ќе биде, за следен пат тотална утка, или партали, или скинати, боја различна, величина и секако замена не праат туку блокираат одма. Баталете што цените им се ниски, не вреди едноставно да се порачува од таму, а друга битна ствар е што се крајно некултурни и дрски, никаков однос немаат со купувачи, затоа блокирајте ги или отследете, не заслужуваат да им купува никој.
Мене ми е втор пат од нив да порачам, првиот пат немав проблем,тоа што порачав беше со величина и таман се погоди, вториот пат нарачав стандард со многу ликра наводно ке ми одговарало, нивни зборови,и мало ми е, ми се испонашаа, кај мене тоа не поминува и партал ги направив,ако јас сум прашала коректно за величина и сум се консултирала,платено, земено на време и сл, не е голема сума, ама зашто така се испонашаа највише ме извади од такт.