Здраво имам нарачано пратка од САД со износ од скоро 5000 ден(4550 ден + 390 ден достава). Пишува дека од 20.12.2023 пратката е на царина. Знам дека од блек фрајдеј и новогодишните попусти и претстојните празници имаат многу работа, но според ваше искуство за колку време пратките се испраќаат во пошта и со оглед на износот, дали ќе треба да се платат дополнителни трошоци? Фала однапред
Освен ЗАРА што има апликација функционира ли некој друг бренд од тој ранг кај нас на тој начин преку онлајн шопинг?
прашање, зошто им ја користите апликацијата на Зара, а не купувате преку веб страната? има некои придобивки, екстра попусти?
Од тие брендовите на Индитекс само Зара имаат онлајн продажба. Од другиве Fashion group i Magnetik ама тие ко друг ранг се и тоа ептен. Иако може и нешто да се најде и таму. Не. Исто ти се фаќа дали на апп, дали на сајт, работата е шо попрактично е преку апп коа си од телефон нормално. И коа се попусти прво на апликацијата се отвара, после на сајтот другиот ден мислам беше.
Многу, многу е иритантно тоа што, за онлајн шопинг, Македонија веќе сѐ почесто ја нема како опција за достава на сајтовите од Англија и слично... Катастрофа сме.
https://www.instagram.com/chokofluffy?igsh=MXMyZGV1eWY1cGVoNw== некој од тука да нарачувал торти? Да ми каже какви им се цените?
Ме интересира дали Спорт вижн рефундираат средства при онлине нарачка ? Ако нарачам нешто и не ми се допаѓа дали ке можам да го вратам и да ми ги вратат парите?
Dali bi podignale naracka koja docni eden mesec, potocno napraviv naracka na sajt (nas makedonski) i dobiv email deka e primena narackata i koga ke ja ispratat ke me izvestat,, pominaa 5dena nisto i rekov da im pisam na instagram sto se desava,ok mi velat proizvodot go nemame na lager ocekuvame da stigne po 10dena.. im pisam posle 14dena uste cekale,slednata nedela ne znam ti so.. Nisto ne im odgovoriv,ama se dvoumam dali da im ja prifatam narackata zosto se stori cel mesec sekoj pat slednata nedela vikast i uste ne e stignata? Tolku tesko im e da kazat deka tolku vreme im docnat proizvodite cisto da znaat kupuvacite? Ne mi e jasno
Тоа е така поради тоа шо се прават “далавери” со нарачките и тоа: Заглавуваат во пошта со недели/месеци. Од таму воопшто не се замараат и мува не ги лази дали тебе нарачката ти стигнала во рок или не. Во меѓувреме, тој шо нарачал бара рефундација оти не им стасала пратката, им рефундираат па евентуално и нарачката пристигнува. Намерно се бара рефундација иако нарачаката пристигнала и макс се злоупотребува процесот. Веќе многу страни прекинаа со достава до МКД, особено по пандемијата, или многу ја зголемија цената на достава. Допрва ќе има и уште многу други кои ќе го направат истото.
Да, Јас имам нарачувано две ташни Се чека подолго и се плаќа царина. Повеќе се исплаќа од странство да си купиш поефтино е
Дали некој ја има нарачано јакнава од basic.mk да ми каже дали е со постава? Имам сретнато многу вакво а изгледаат како дукс.
Скроз ми е јасно и така е. Ние сме некоја посебна категорија на суштества. Многу ми е... не знам што... што живеам тука. Срам? Не знам. Катастрофа.