Тоа што е на слика тоа ти праќаат претпоставувам, јас имам купувано во бутикот и тоа што објавуваат исто е и кога ќе го видиш. Моето искуство е ок со нив.
Здраво, Дали имате порачувано од fashion group outlet? https://www.fashiongroupoutlet.mk/ За fashion group знам искуства, ме интересира конкретно за ова outlet
Уствари не било GLS, нарачав Ordinary производи во износ од 30 евра ама не ми текна дека може да ми ги пратат по дхл или слична пошта и да ми ги царинат Знам дека многу имаат нарачувано од тука, како ви ги праќаат? Плаќате нешто плус на превземање пратката?
Како сте задоволни од buzz sneakers и магнетик за нарачување, дали враќаат пари ако нешто не е во ред со производот или ако не ни се свиѓа?
Sportvision како прават замена? Нарачав онлајн ми стигнаа големи. Можам да одам во некоја од нивните продавници да ги сменам? Враќаат пари ако нема друго бројче? Немам фискална, фактура ми пратиле.
Прават замена. Се јавив на контакт бројчето за онлајн нарачки, им објаснив и ми рекоа ако сакам да им ги вратам на нив па замена или да одам директно во дуќанот во борис трајковски да ми ги заменат на лице место (со фактурата).
Лошо искуство со Миола. Прв пат нарачав еден фустан и ок беше. Квалитетен не би рекла, ама за две-три облекувања таман. Втор пат кога нарачав, каснеа и им пишав, ме оставија на seen. После два дена пак им пишав, пак на seen ме оставија. Мизерија, им пишав барем да ми кажат ако воопшто не планираат да ми ја пратат нарачката, да знам. Не ме удостоија со одговор. После извесно време ги блокирав. Несериозни се, јас не би нарачала пак.
Нарачав уште на почетокот кога се појави страната и тогаш беше се во ред со нарачката. Како што спомна @Anika55, суќните не се којзнае што, ама па не се ни лоши.
Сакам пантолони да нарачам. Со таа што се допишувам, вели супер се панталоните, и таа носела такви. Ама пак гледам многу следачи имаат на инста. Не знам дали да нарачам...а најдов едни и во Болд ама овие другиве повеќе ми се допаѓаат.