Аку мислиш на спортската страна д спорт јас сум нарачувала патики и коректно е све до сега...нарачките ги правам преку нивната веб страна на исти принцип како што е во спорт м...нема никаков проблем.
Да преку страната нивна нарачав, ме интересираше за колку време стига, вчера вечер ги нарачавме(патики за малава) Касно видов попустите, ми требаат за петок, евентуално сабота... Пред одмор да ја изненадам.
Фала ти, леле прехепи ќе бидам ако стигнат. Скечерс и нарачав, одамна ги бара, сега ги начекав за 1900. Ќе биде пресреќна, во петок и е именден
Дали некоја нарачувала од тука? Или ако имате предлог ваква слична странска страна од каде сте порачале.
Дали има некој порачувано од Boxi на фб? Дали се ок? https://www.facebook.com/boxi.mk?mibextid=ZbWKwL
Мислам дека негде за недела дена. Нека не те фаќа паника ќе ти ги пуштат парите ама ќе почекаш малку.
Zdravo devojki, sakam da naracam od pull&bear no imam problem nemozam da go napisam brojot mi go dava so +66 znae li nekoja kako da go sredam toa?
Сега отворив од кај мене, и кај мене дава 66 ама кликни на 66 избриши го и пиши го префиксот за македонија 389
Фала ти многу Ме фати паника бидејќи ми правеа проблеми во каргото при враќање на пратката, ми бараа да им приложам документ дека продавницата ми ја прифаќа пратката назад, а јас не добив никаков одговор од P&B по меил, само дека барањето се разгледува. Кога им се јавив во продавницата во Скопје, некој маж многу дрско ми се однесуваше и ми рече немаме ништо со тоа, враќање само дирек кај нас да ги донесите производите. Им кажав дека ми се порачани преку апликацијата и ми рече дека тие немале пристап не знам што, пратката ми е испратена од Полска а не од продавниците на P&B што се во Скопје. Не знам дали не сакаше да ме услужи, ама баш почнав да се нервирам да не ме тормозат и со рефундацијата.
Лелеле баш ми е жал, а преку апликацијата не направи ли барање за враќање на производот, мислам дека некој лист се принташе кога се носеше во карго. Ама ако од каргото е доставена до нив, а ти се немаат јавено од каргото дека не ти ја примаат пратката значи е во ред. Јас одамна враќав ама парите после седум дена ми легнаа на сметка. Ако ти е ептен мисла контактирај утре центар за грижа на корисници ќе ти кажат шо како. А за пратката што е од полска нека не те чуди оти онлајн нарачките не ги пракаат од мкд, идат од др држави. Инаку, најубаво ти е да ги вратиш во продавница на каса, не мора лично може било кој место тебе, одма ги враќаат парите.
Фала ти Јас сум од Битола и не сум моментално во можност да патувам до Скопје ради работа и обавези, нема смисла кога постои карго. Да, пратката беше испорачана од Полска но мене ми ја достави Еко Логостик. Јас направив барање преку апликацијата, ми стигна емаил дека барањето се разгледува и ќе добијам повратна информација. Не добив никаков меил цела недела и решив да одам дирек во карго од каде што ја подигнав и да им ја вратам. Пред тоа како што реков се јавив во Скопје во една од продавниците и од таму ми рекоа дека немале пристап до апликацијата и не можеле да одобрат ништо бидејќи не ја испорачале тие лично од Скопје. Циркузи Во каргото ми ја прифатија и ми дадоа ливче само дека ќе биде доставена до магацинот на P&B. Еве од тогаш има скоро недела дена и немам никакво известување дали е примена, нити на меил добив па нешто во врска со барањето за враќање.. Си стои така и на апликацијата и не ми дава опција да побарам пак за враќање. Не знам зошто толку комплицирање овде кај нас па што има врска од каде е доставена, производите се нивни на тој бренд.
Пехарите за најлошите две искуства во мојата долга историја на онлајн купување одат во рацете на: 1. www.evit.mk Направив нарачка. Ја чекав една недела. Не добив никакво известување ниту, пак, повик од карго. Се јавив да прашам во eVit, и тука почна моткањето. И сами не знаеја кога ми пратиле известување дека нарачката е испратена, дали ми пратиле и зошто ми пратиле. Се јавував некои 2-3 пати, пробував да не бидам досаден, држев осет и разбирање дека, ете, се случуваат такви нешта-да почекаш повеќе од недела дена за да ти стигне онлајн нарачан производ. Но, замислете: чекав 3 недели! За ден ќе правев месец како чекав да ми стигнат нарачаните производи кои, патем, очајно ми требаа. Бидејќи сум упорен, дознав со која карго-компанија соработуваат и се јавив таму. Не ми креваа сто пати, ама сто и првиот-бинго! Буричкаа, правеа што правеа и, на сто и второто јавување ми кажаа дека мојата пратка е изгубена и дека ќе решат со еВит, битно мене нарачката ќе ми стигне за ден-два. Од еВит ми рекоа дека, ако сакам, можеле да направат (замислете бе!) нарачката да ми стигне за два дена. Ајде, викам, нека ми стигне до сабота (мислам дека беше сабота во прашање). Секако дека не ми стигна. еВит не ми даде НИКАКВО извинување. Ама баш никакво, нула, нич, празно, ич! Им пишав на вибер, на фејсбук-ми направија SEEN и тоа е тоа. 2. www.aptekibruno.mk Со овие, пак, се допишувам веќе една недела. Во првата порака дрско ме нападнаа, во стилот дека до мене е проблемот, дека јас не знам што е онлајн купување, дека тие се профи, имаат петгодишно искуство... Свашта нешто. Најинтересно е што станува збор за нарачка ИСТА како претходната, од нивните колеги ))). Ми испадна износ повисок од потребното за да имам бесплатна достава. Чекав неколку денови, на мејл не ми стигна известување дека нарачката е испратена и си викам, чекај, пред некој ден се изгорев од оние витамините, да видам и овие нешто да не праат збрки. Отидов на профилот на веб-нарачката ми стои дека се обработува. Се јавив телефонски, ми вика типот: нејќевме телефонски да те бараме, да не те вознемируваме, ама ти пишавме мејл дека нарачката е откажана и нема да ти пристигне. Јас мејл немам добиено, ни во спам, ни ништо, секојдневно работам со мејл и нема шанси да пропуштам таква порака. Преминав написмено да се пожалам, и тогаш ја добив таа првата порака со дрскост и „понашање“. Мене толку ми треба за да се напнам уште повеќе и со рогови низ ѕид да докажувам дека сум во право. Почнаа да нудат некакви извинувања, одеднаш, да ме респектираат (ко да тоа ќе ме смири и готово, ќе се помирам), да ми нудат следната нарачка да ми биде бесплатна. И, дека нарачката сум си ја откажал јас. Кога бе, викам, сум ја откажал? Пред малку беше во обработка. Ништо не ми одговорија на тоа. Се враќам на веб-откажана у меѓувреме, од нивна страна. Пребарувам тоа што сакав да купам (т.е. купив и чекав да ми стигне)-си стои како достапно. До него, уште едно, слично, со пониска цена, ама тоа не ми беше опција за купување, иако слично како производ. Они викаат: не, тоа што ти си го нарачувал-не е достапно. Ама вториот, поевтин производ, ќе ти го дадеме гратис, ако нарачаш нешто друго, ако ти треба од она што го нудиме. Па не ми треба друго, побогу, зошто би ми требало? Ајде, викам, дајте ми го тој другиот, сличен производ, фала за сапунот, не мора. Утрето, според договорот и нивните насоки, пак правам иста нарачка со првичниот производ (кој се врати на залиха и си викам, океј, ете го, достапен е, сепак)-нарачката пак се обработува и e ставена на чекање. Нема реакција од нив, пак. Им пишувам утрето да прашам што сега-пак истиот проблем? Е да, сум имал право, тоа што сум го сакал-не било достапно, грешка имале напраено изгледа во системот. Ама ( АМА!!!) тој сличниот производ можело, он бил на лагер, и имал цена (120 денари повисока од онаа што им стои на веб, замислете! Ми даваат цена поскапа од напишаната, што е јавна за секого!). Ама ако сум сакал нешто друго да си купам, на тоа ќе ми направеле попуст (попуст што знам каков ќе биде). (Леле, ова е каша-попара, ја не знам ни да го раскажам пошо е стварно прекомплицирано од причина што они цело време покушаваа да ме зезаат и да си играат играчки со мене.) Изгледа, по моја логика, не им се исплаќало да ми пратат тоа што сум нарачал со бесплатна достава, евенезнам... На крај им пишав дека е срамота тоа што го прават, дека сами себе си прават анти-реклама и дека тие 120 денари, што ми ги накачиле во предлог-нарачката, знам дека се, всушност, парите што би ги дал за карго. Фактички, ќе си го платам каргото, а ќе ми пишува дека е бесплатно, демек платено од нивна страна. Колку мизерно, луѓе! Долгогодишно искуство и професионалност, жими све! Нека си направат да немаат бесплатна достава, некои комбинации и правила нека си стават, од кај знам, не е тоа проблем на клиентите... Они нудат тоа што нудат-јас разгледувам и купувам, што тука не е јасно? Не сум ненормален да нарачувам работи што ги немаат на лагер (башка, таквите не ни можеш да ги ставиш во кошничка, ако не се достапни, нели). Утре патувам, производите ми требаа за таму кај што ќе одам. Сега треба да ги барам по аптеки таму, да се пустам, а нема да имам доволно време за такви ствари. Ух! Напишав реферат, ама заслужено е! Од тоа што си молчиме и викаме дека сѐ е океј-не нѐ бива како нација. Мора еднаш засекогаш да почнеме сите, индивидуално, да се бориме за своите права и да тераме правда до крај. Колку и да изгледа невозможно, барем будали нема да дозволиме некој да нѐ прави. П.С. Ако модераторите сметаат дека имињата на компаниите не треба да стојат јавно-слободно нека ги тргнат. Ама мислам дека е океј да се знае со кого би си имале работа во иднина. Или, пак, може само мене така ми се погоди, лоша ѕвезда имам ))))))))
Дали сте земале онлајн градници од yamamay, како определувате број по овие нивните IT броеви? Во табелата со величини се само Б корпа.
Јас па од Evit имам порачувано неколку пати и имам позитивно искуство, пратките ми стигнале брзо и без проблем.
Некоja онлаjн страна за парфеми со добри цени и достава до Македониjа? Во македонските продавници и страни гениjaлците клонови што вредат 20-30$ ги продаваат по 70-80$
Јас пребарав сѐ живо и ништо не најдов. Евентуално Косово нешто, ама они немаат веб-страници, само по Инстаграм, ама па таму треба конкретно да го знаеш името на профилот/продавницата за да бараш. Ако најдеш нешто-пиши ми приватна порака. Инаку-да, прескапи се кај нас клоновите арапски. Јас од Америка нарачав да ми донесат парфеми што тука се 3000 денари, а јас ги платив буквално 900.