Читав за Ресервед на српскиот форум - кај нив бетер со чекањето. Од романија ги праќале пратките, па имаше коментари како од јули нарачано им стига крај на септември, повеќе од 2 месеца чекање. Мислам џабе им е опцијата онлајн да нарачаш, кога ништо не стига.
Мохито ми вратија на порака дека сите нарачки од Ноември ќе ги пуштеле за достава од 24.12 па натака, значи чекајте си ја после Божиќ Срамота без никакво известување, да знаев немаше да нарачам
Мене ми стигна нарачката од Mohito направена на 1.12, и ја добив во предвидениот рок. Сепак, нарачката од 25-ти ноември сеуште не е пристигната. На сајтот пишува дека може да задоцни 2-3 дена, а бидејќи вчера беше последниот ден од рокот, се надевам дека ќе пристигне барем пред 26-ти декември.
Срамота, после 25-ти ќе почне и попустот во продавниците, ќе си ги купам производите од продавница не ќе ја чекам пратката. Се изгуби поентата на онлајн нарачувањето.
Дали имате нарачувано капут од agnesa collection? На видеата многу убаво изгледаат, ама сомнително ми е дека се 30-40е
Има во Карес избор на мирисни фигури и слични работи за во кола, можеш да си разгледаш https://kares.mk/
Резервет катастрофа,нарачав палто ,го чекав 3 недели не ми се допадна го вратив во дуќан,бидејќи не можело по карго да се врати.Парите не ги враќале во кеш,само на сметка.20 дена чекам,не ми се вратени.Call центатрот не креваат,катастрофа.Се јавив во дуќан ми викаат тие немат врска со онлајн нарачки.Ресервед никогаш повеќе.
Ја мислам дека треба да сме поупорни како нација, како Балкан: масовно да нарачуваме, уште повеќе, да видат они со кој си имаат работа!
Јас чекам пратка од Ресервед од 1 декември, не ја ни примам кога ќе стигне. Ми требаше за оваа недела, а не за после нова година.