Денес ми ѕвонел курирот од Мик мик за нарачката од ризрвд. Не бев во можност да кренам и сега им ѕвонам и не ми креваат. Не можам да најдам нивно седиште за да одам да ја земам. Има шанса да ја вратат или утре пка да им ѕвонам?
Кај мене па ја однесле во погрешен град таму в магацин ,и еве си чекам скоро 2 недели ни ми се јавија ни ништо.Утре сабајле пак ѕвони на бројот
Тоа да.Ама нека е вратат ако не е донесат и ке се пожалам па нека го сменат каргото.Кај чекаме цел месец па уште да не зафркаваат
Да бевме правна држава, дега ќе ги опнеше и изгореше. Казна ќе изедеа сигурно. Ама во држава со ,,врски", џабе е се. Јас дури и си го платив патот што ми ја однесоа во погрешен град, по нивна грешка, па сега ти види. А што ако се лекови и треба да се достават итно на човекот? Што ако недај боже умре човекот ако не ги прими лековите на време, поради нивната грешка. Не ги кривам само вработените, туку и менаџерите и газдите, што не знаат да работат бизнис. Ова со чекањето од 1 месец е премногу. Јавувај се, реагирај, па и расправај се ако е потребно. Нема друг начин за жал.
Леле и тоа што велиш.Што дека ке пријавам ко никој ништо непрезема.Е баш ке видам сега дали и мене ке ми наплатат и мене а тоа да треба менаџерите да си преземат мерки нека вработат повеќе луѓе ,ама не тие сакаат да се богатат,подобро им е еден да го плаќа отколку двајца.Тоа е за жал
Дали некој враќал Reserved во продавница? Направив поврат онлајн, сеуште не ги однесов артиклите во продавница,меѓутоа утнав број на трансакциска сметка при креирање на поврат и никаде нема опција за промена... Па ме интересира процедурата во продавница каква е,дали таму може да интервенирам или да им пишувам на контактот за помош ...
Нарачав јакна од Sport Vision, зошто беше на попуст и малку броеви беа останати, а не бев во Скопје да можам да ја пробам. Си земав број што секогаш го носам, ама ко малку да ми е голема, и на дадени пари фала богу не сакам да носам макар и малку поголем број. Е сега, на страната, процесот на замена ми изгледаше прекомплициран, буквално реферат цел имаа напишано за како изгледа процес на враќање и што се треба да се направи и исполни, и читав многу негативни ривјус од незадоволни муштерии дека буквално ги игнорирале, или биле некултурни и никако не сакале да им направат замена, други дека за една замена се потребни 20 документи... Јас ваков проблем искрено сум немала со Интерспорт ниту со било која друга продавница за замена, кај што буквално за 5 минути со појавување во продавницата и покажување на сметката и предавање на неоштетениот продукт со закачена етикета, сум завршувала работа. Дали некој друг имал искуство со замена за друго бројче од ист продукт од Sport Vision да ми каже што да очекувам?
Мене ми испратија на маил два документи да пополнам (им пишав на тој што ми пратија дека е креирана нарачката), колку што паметам не бараат нешто премногу пишување. Јас барав рефундација, не замена и немаше никаков проблем, брзо ми ги вратија парите
Дали работите што се на попуст во Мохито онлајн ги има и физички во дуќан, или им се разликува робата?
Некои приметив дека ги има, за една суќна сакав од дуќан да ја земам на попуст ама ми беше голема, пред некое време ја гледав и на страната дека е на попуст.
Благодарам нарачав, па ќе видиме кога и што ќе стигне. Имам неискористен код за 15% попуст од Мохито, ако некоја нарачува нешто нека пише лп ќе и го пратам.
Јас некна бев, многу работи онлајн што ги видов во продавница ги нема.... а и доаѓаа луѓе да се жалат дека една цена е на сајтот, а друга во дуќан за ист продукт, вработената не знаеше што да им одговори Нркој искуство со нарачки од амазон? Дали стигаат и за колку време, конкретно за книги ме интересира.....
Ја добив нарачката од Мохито, нарачана минатиот понеделник. Уште во петокот ми јавија но не бев дома да ја примам, прв пат нарачувам, задоволна сум. Гардеробата е преубава, меки и дебели продуктите, не се "ко за урда цедење тенки и прозирни", што би рекла баба ми Е сеа, прашање: на маилот што ми го испратија дека нарачката е предадена на карго пишуваше дека со продуктите ќе има фискална сметка за ако сакам нешто да вратам, фискална во пакетот немаше. Дали ова е нивен пропуст или вие што сте порачувале онлајн и од др продавници како Ресервед, Зара, Пул анд беар итн исто не добивате фискални? И ако нешто сега треба да вратам/сменам како?
Јас баш сега успешно направив поврат во Мохито, имаше фискална. Мислам досега сите праќале фискална, изгледа кај тебе погрешиле