Дали нарачувате од iHerb директно овде во Мк? Ме интересира над која сума има царински трошоци плус? И дали е попаметно да нарачам во Еу па да ми донесат за да нема скриени трошоци?
Некој со искуство од ivet mk, конкретно парфеми? Гледам нешто многу ниски цени, сомнително ми е. Дали станува збор за некои копии демек оригинални?
Ко што разгледав вчера, ги продаваат преку fragrance.mk, а нивните парфеми се оригинали. Не видов кои други продавници се вклучени во попустот, се сеќавам само на fragrance.mk
@Powergirl! Според мене, на Fragrance не им се оригинали, барем не сите. Сакав да купам еден, читам одздолу рецензија од девојче кое го купило, вели испарил за неколку минути, па се предомислив бидејќи го имав оригиналот и знам дека трае долго. Потоа разгледав и некои други и во око ми падна Wish на Chopard. Го гледам на сликата - зелен Баш отворив да прочитам и рецензија имаше од жена што го купила - искоментирала за тоа дека пафемот и пристигнал зелен и не мирисал како оригиналот. Затоа би рекла ако имаш некој од странство да ти донесе, така земи си. Ако не, од овие читај рецензии ако има и со резерва земај ги нашите тука
Девојки искуство некој со ивет ми се допадна едно фустанче дали се квалитетни гледам доста ефтини се. И дали имаат бутик во Скопје
Дојдов да споделам искуство со Мона кои фрлаат пари на реклама, а немаат ниту океј апдејтиран сајт ниту океј комуникација. Нарачав два производи - на залиха онлајн и во дуќан во Скопје, еден за мене еден за подарок. После 3 дена ми стига меил на српски дека едниот производ не е достапен ако го сакам другиот производ да нарачам пак. После еден ден ми стига меил на македонски дека се обработува нарачката-истата што беше откажана во српскиот меил. За таа цена на производи нула разработена продажба. Треба да ги гонам да им дадам пари. Се изнервирав дека за подарок ми требаше. Синсеј се богови на онлајн продажбата во споредба со овие!