Дали некој од вас во скоро време има направено нарачка од торба.мк? Ме интересира дали може да се плати при достава, или само онлајн, бидејќи не ми дава опција да одберам, има опција само за со картичка. Фала ви однапред.
Сте купувале ли сандали од Stilleto.mk, добри ли се? Прашав за едни околу 1200 ми кажаа па ефтини ми се гледаат, да не испаднат многу лоши?
Сандали не,ама сум купувала чизми и кондури исти се како на сликата,и со добар квалитет..задоволна сум и брза е доставата
Од кои онлајн страници порачувате шминка и козметика од странство? Некои препораки ако може, ќе ви бидам благодарна.
2 пати имам нарачувано од кај нив, чизми и како мокасинки, исти се како на сликата. Пре задоволна сум.
Дали некој успеал да ги добие ананас.мк, не се достапни никаде. Се работи за голема нарачка, но не е испорачана како што треба.
На телефон....мене ми пратија грешен производ, сто пати пишував маилови, никој не ме рецна, и едно сабајле им звонам на тој бројот 0800 и ги добив...ми рекоа да поднесам рекламација и во рок од 5 работни денови ќе ми одговорат, тоа беше петокот, денес дури ми пратија лепенка за да го вратам производот назад...воопшто не сум задоволна од корисничката подршка
Исто, едвај ги добивме. Не знам како може се продаваат скапи работи, а никој да не се јавува кога ќе се случи некоја грешка. Од алиекспрес кога ќе нарачаш производ од 30 денари стасува како што е пратен, кај нас една работа не може да ја испорачаат како што треба, затоа не не бива.
Ананас се трагедија од онлине шоп. И јас едвај се снајдов за рекламација, па толку го искомплицирале самиот процес, затоа и не е чудо што имаат толку низок рејтинг од корисниците. Една добра работа е што имаат широка палета на производи на една веб страна, можеш да видиш како се движат цените на разни производи, па директно од продавницата (пишува од каде е) да си нарачаш од кај нив без да губиш време со Ананас.
Да ми се искомплицира за нешто банално, дури после 1 месец ми ги вратија парите, а за другата поента пример после барав еден друг производ, на ананас го имаше а на официјалната страна од фирмата беше out of stock па морав од ананас да го купам