Околу 2.000ден на дхл за услуга (лежарина или глупости што им е измислено), 18% ддв за нарачки над 45 евра и 15% царина за нарачки над 90евра
Мене овие ми стигаат најдоцна од сите, и по две недели и над тоа сум чекала. Него куририве кај нас немам коментар, дај нека си го избришат од глава тоа "јас сум таму за 45 секунди" јас не сум и нема да бидам, смислете си систем за најава. Не векувам дома чекајќи пратка и не можам да полетам, не може во 2025 да не постои начин за точен ден и дел од денот да знам кога иде. Па уште и не е ни до дома, јас треба да цупкам и да одам од друга страна на булевар пошто он идел од таа страна, доставата е до адреса ало. Зара ниеднаш не стигнала дента кога пишува btw, или иде порано или покасно. Зегин само има таква опција да си одбереш слот временски кога да ја очекуваш и супер е.
Се согласувам за ова. Мора да се најде друг начин а не да се јавува 2 мин пред да стигне на адреса. Затоа и избегнувам да нарачувам онлајн бидејќи цело време гледам да сум дома тогаш кога очекувам нешто. Еднаш се бркав со еден за достава по цел град буквално за да си ја земам нарачката бидејќи не бев дома кога ми се јави и ми се смачи.
Здраво, сакам да нарачам нешто од yesstyle што ме чини околу 115 долари вкупно со достава. Како можам да пресметам отприлика колку ќе морам да доплатам за царина и ддв?
Нарачав јас од reserved и ми пишува датум на испорака 21-29 октомври. А нарачката е веќе испратена и ми вели ќе ја добиете во следните неколку дена. Дали ова значи дека експресно ќе ја добијам нарачката, зошто јас очекував да се развлечи според туѓите искуства?