Треба да вратам нешто во рисрвд и ја одбрав денешната дата..ама еве цел ден ги чекам и ги нема да се јават. Нема да ме зафркнат да ми остани то шо го нејќам така?
Дали SHEIN почнаа да испорачуваат до Македонија? Уште минатата година се зборуваше дека ЕЛС ќе ги носеле, што се случи со тоа?
На 25 декември вратив производ во Мохито и ми стигна меил дека за период од 3-4 работни дена ќе ми бидат вратени парите а сеуште не се. Некој дали има искуство да сподели
Сакам да си нарачам палтенце од Defacto, ама не можам да најдам онлајн страна која доставува низ Мк, од кај нарачувате за од кај нив?
Супер штом стигаат толку брзо, сакам едни патики да си нарачам, па мислев ако се чека многу, да си ги земам од продавница директно. Ама штом се брзи, може да ги нарачам од Fashion Group, добри попусти имаат. Да не знаеш попустите дали важат и во продавниците или само онлајн? Конкретно на Replay, Guess и/или Fashion & Friends мислам.
@Panda00 Јас досега што сум нарачувала, секогаш толку сум чекала и ова им е огромна предност За попустите не би знаела конкретно, ама со оглед на тоа што сега е баш зимскиот попуст кај сите брендови, би требало и по продавниците да има намаленија. Макар за патики би ти рекла, штом си во можност, иди пробај си, па ако нема таму намаление, порачај си ги онлајн. Најпрактично, да си знаеш за калап и како стојат
Итно ми треба добра страна(освен Velluto) на инстаграм за облека за во теретана, хеланки, топчиња, блузички…? Само да е убав материјалот.
Во меѓувреме дури чекам пратка, значајно ја намалиле цената на артиклот т.е. сега е на попуст. Освен да не ја земам пратката, имам други опции? Поврат да стиснам на уште нестигната?
Има да, да го продадеш производот шо го чекаш да ти стигни а да го купиш истот на попуст дури е. Можи и ќар ќе излезиш на крај.
Да споделам лошо искуство со Мохито, купување онлајн со достава во продавница. За блек фрајдеј направив нарачка, 4 декември ми пишаа дека е испратена нарачката но дека и требаат 16 раб дена да стигне бидејќи се испраќа од Полска. 12 јануари сме, нарачка не добив. 2 пати им пишав маил со коментар дека едно тему од кина стигнува за 2 недели а дека ова е безобразно да чекам ОД ПОЛСКА ебан партал, на што одговорот им беше дека поради тоа што даоаѓало од Полска му требале 16 работни дена (втф, тоа веќе ми го кажаа, ама сепак е Полска бре, во Европа е). Ужасно. Најлошо од се е што мора да ја чекам да стигне за да направам поврат. Во меѓувреме, исто околу блек фрајдеј направив нарачка со достава до дома, за неполна недела стигна. Да не беше смешно ќе беше трагично.
Капутот шо го имам порачано од 30.12 пиши дека е на пат и уште не е стигнат. Мислам дека ова ќе ми е последно од кај нив.