Мене па ми падна награда од Polyvore,беше од indressme.com и ми дадоа код за 50$ и си порачав јас едно ко палтенце демек и едно ланче со обетки. Ми стигнаа негде за 25-30 дена,не се сеќавам сега точно,коректни беа и по мејл да се разбериме за кодот и се. Само палтенцето не беше како на сликата,таму изгледаше како подебелко,а ова беше тенок материјал,иначе моделот и големината се ок.Е сега,за алишта незнам,не би препорачала да се купуваат онлајн,особено од овие кинеските ефтини продавници,а за накитот е ок и се исплаќа. И за доставата ништо не платив,беше free shipin,се плаќа само ако сакаш побрзо да ти стигни. И планирам сега пак да си порачам нешто,ама накит.А ланчето си беше ок,само за бојата не се разбравме,ама ок сепак,ќе се најди.Пошто беше поклон и не ми беше толку да се расправам. Ај кажете некоја страница со убав накит и ефтин Јас од оваа си бендисав некои работи http://www.vancaro.com/ ,кажете на која има слични работи на овие,на која страница,знам дека имаше некоја... И предложете некоја за накит
Некој искуство за странава ? https://www.facebook.com/zamoderna.devo ... ts&fref=ts Си порачав едни четки за шминкање,па ми рекоа за 25 дена ќе стигнат,и преку карго експрес ке ми ги пратат, и кога ќе стигнат треба да платам . Малку не ми е реално што не се плаќа шред време
Јас порачувам преку Zalando не знам колку имате слушнато за тоа во мк.. Ама стварно е најдобрата онлајн шоп.
Порачка преку интернет Девојки,сакам да си го порачам фустанчево http://www.dresses.com/product/Cocktail ... il-dresses ама незнам дали вака ќе стои? Некоја од вас порачувала од интернет, како ви стоела облеката? и за колку денови стасува порачката?
Не знаев каде да прашам па решив тука Дали имате купувано од девојката? https://www.facebook.com/zamoderna.devojka Сакам да порачам нешто, но не сум сигурна. Ве молам пишете ми во лп !
на алиекспрес, сега проверив пратени ми се нарачките, после 3 дена, сега питање на време е кога ќе стигнат. пишува од 15-60 дена. е сега јас ќе се селам, па за 60 дена нема да бидам тука . и како јас ќе си го земам паќетот ако стигне да речеме за 40тина дена? во пошта ли ќе ми стигне? маца http://www.ioffer.com/ оваа страница ми се свиѓа, имаш парфеми,шминки свашта ама малку комплицирано е порачувањето, јас нарачав, па некои инвоис ми праќа, не се разбирам јас... а,има добри работи
Aко на лична карта ти е таа адреса, можеш да појдеш и без картонче да си земеш, да речеш си го изгубила пример, може да ти ја дадат,мене еднаш ми ја дадоа така. Е сега убаво би било да сиго пробереш картончето, незнам задолжи некој комшија сегашен да проверува пример, или новите станари. П.С Ајофер е наше или странско?
Странско е, ама цените сами си се ажурираат од таму, ако си од Македонија денарот е, ако си од Англија фунта и слично, корисна работа.
Можеш да им нарачаш ако си од друг град, им пишуваш порака и ти ја кажуваат процедурата така, а вака јавно не е објавена...
Да споделам искуство со River Island. Не нарачувам прв пат, ама можеби и последен. За квалитет и избор и прекрасни работи неможам да им преречам, преубави работи имаат, и преквалитетни, се што имам земено го имам премногу износено а се покажало како упер квалитетно. Е сеа за услуга и за шипиг, боже мили, па Кинезеиви се поекспедитивни, и побрзи. А растојанието од Англија до кај нас и од Кина сите го знаеме колку е. Нарачани 20/2, испратени 22/2 стигнале завчера, јас денес ги подигнав. И тоа не сакаа да ми ги вратат парите прво, уште пред 2 недели им пишав пратката нигде ја нема,ми пишаа чекај до 1мај???? Мислам јас сваќам се, ама кога се работи за релација Лондон-Скопје неможам да чекам 2 месеца скоро нема смисла, никакво извинување дека доцни, ниту понудија некој дискаунт како Асос што праат и што се многу брзи во шипинг и со коресподенсција, овие тапа. Среќа не беа многу пари, али ако не ми сигне осеќам парите ќе си ги добиев на куково лето. Задоволна од тоа што ми стигна за не многу пари го земав, среќа не помина летото имам кога да ги носам.
Hipster a претходните пратки исто толку долго ги чекаше? Јас мислам дека не е проблемот во било која од фирмиве што испраќаат онлајн нарачки. Тие користат стандардни поштенски услуги за бесплатен шипинг, а поштите не се многу ажурни и експедитивни, па и ако стигнат работите на време тогаш имаш среќа. Ама веќе видена работа е и нарачките да каснат (некогаш и со месеци) или никогаш да не стигнат. ИНТЕРНЕТОТ ЈА ЗАГЛАВИ РУСКАТА ПОШТА
Од River Island ако ме прашуваш, никогаш пред месец, а од Асос што се од иста држава, исти град, за 14 дена, некогаш и повеќе добро, но односот им е на ниво, и никогаш не поминало без да ми се извинат и често ми даваа кодови за попуст кога ми каснеше некоја нарачка многу или кога ми се изгуби неднаш. Знам дека не зависи од нив, но односот со клиентот и те како прави дали се задоволен и дали ќе нарачаш пак. Имаат преубави и преоргининални работи што ги нема на други места, инаку не би нарачувала ич.
Девојки дали знаете на која веб страна за онлајн шопинг можам да го најдам овај модел на тренерки,барав на ибеј ама безуспешно,доколку некоја знае може да ми испрати линк.
Аман бре луѓе ниту еден/една не може да ме удостои со одговор на прашањето... Што откако ќе ставам пари на интернет картичката од Стопанска, како треба да ги префрлам парите на Мастер, пошто пробав да порачам од Асос неуспешно ми се покажа