Мислам дека да. Колку што знам, за пратки од 22 до 90€ се плаќа само ДДВ, без царина. Ако пратката надминува 90€, плаќаш ДДВ 18% плус увозна царина, 10 или 15%, зависи, може да варира. Може и да сум грешка, зашто немам искуство со нарачување од Србија, многу често сум таму па не сум имала потреба од нарачување. Ама, сепак мислам дека не се исплати. Подобра варијанта е ако имаш некој да ти ги донесе или ако те носи пат па да си ги купиш од таму директно.
Reserved ептен килаво работат со онлајн нарачкиве. Нарачка направена на 21 јануари, првично со рок до 9ти февруари, па си го сменија рокот до 10ти (ова им стана пракса на секоја нарачка да си ги продолжуваат првичниот рок). Еве 16ти денес, уште ја нема. Стварно е премногу 1 месец за детска јакна, зимата ќе помине, ќе ја надрасне детето додека стигне. И ако не дај боже не ти одговара нешто и треба да вратиш, еден месец ќе си ги чекаш парите. Ептен неспособни испаднаа. Зара во саботата нарачав, денес е испратена. Последната ми стигна 4 дена пред рокот.
Ма сите од LPP се исто срање, со извињење. Испод месец дена чекање не си, да ти се одмили. Ако ти се чека, океј се, чекај си, па забораи дека си порачал, а кој сака да добие пратка у нормално време од кај нив , се заебал, пошо тоа не се дешава. Нешо не штима со нив у поглед на нарачкиве, не е можно толку време да патуваат од Романија, значи не знам кого лажат.
Абе од Кина за 3 недели стигнуваат. И Зара од Полска праќаат, па си го почитуваат СОПСТВЕНИОТ рок. Овие ставаат рок, па си го менуваат по потреба и пак на крај не го почитуваат. Со сите ЛПП, точно, ама дека од Reserved начесто нарачувам, критиката ја насочив кон нив.
Ужас се, за враќање да не зборам, скоро два месеци ги чекав да ги подигнат стварите...за едното ми направија поврат на средства a за другото уште чекам...платив на курирот па н знам дали така ќе ми ги вратат средствата или на трансакциската. На муабетот сега баш проверив и ми беа вратени, поќе од таму порачување нема шанса.
Вратив некои работи од Резрвд во дуќан ги вратив, ми рекоа да внесам сметка на профилот, ова вака треба да стои? Во готово платив иначе при превземање. Исто така кај повратот ми стои затворено, што им значи тоа парите не се вратени како затворено
Има некој што има пратки заглавени на царина да сподели информација колку време ќе се чека? Имам козметички производи и парфеми, една недела нема придвижување слушам на некои со месеци им стоеле таму дали е ова точна информација? Зошто не ги пуштат?
Јас од 28ми Јануари чекам исто, козметички производи. Дали некој има отидено на железничка да праша до каде му е нарачката и дали планираат да ја пуштат и кога? Јас бев два пати во локалната пошта во Ѓорче и ми викаат на царина е, тоа е. https://www.posta.com.mk/информација-во-врска-со-измените-на-за/ Ќе си почекаме изгледа
@Anika55 ти имаш искуство со враќање вака ли треба да е, не враќав јас друг место мене беше викам да не утнале нешто. Ми имаше искочено прозорче ја пишав сметката ама после тоа не можам да го најдам тоа прозорче веќе , ко да исчезна ,нигде не се појавува трансакциска во профилот.
Така треба да биде, само додека го поднесуваш барањето за поврат дава да внесеш сметка, после немаш пристап таму. Ако ти стигнал меил дека е примено барање за поврат, се е ок.
не знам како сум ја пропуштила оваа информација фала ти.. ова важи на сите пратки генерално? минатиот месец имав порачано ташна од Etsy, селерот беше од Украина и ми стигна до дома, не платив никаква царина а ме кошташе околу 120 евра, им кажав да ја обележат како подарок можеби затоа не ми ја царинеа.. ама не разбирам со овој нов закон дали за сите пратки важи, имав уште некои работи за порачвање сега не знам шо да прам ме загрижува ова зарем за се ќе треба да чекаме со месеци
И јас се надевам Најрано што ми имаат вратено е за 5 дена, ама тоа само два пати се има случено. Неколку пати имам чекано по 3 недели, еднаш и подолго. Инаку, уште ја нема мојава нарачка со рок до 10ти што беше
Дали некој нарачува онлајн од Страдивариус? Или само јас имам проблем и ме препраќа на глобалната страница за нарачки?