Нарачка од reserved направена на 21 јануари уште ми нема стигнато. Стои испратено на 24 јануари и тоа е последен апдејт. Прв пат ми се дешава ова ама платена ми е нарачкава иначе ќе ја откажев. Знае некој како да ги контактирам да видам до каде е работава?
Дали знаете како да ги добијам од ВИП карго? Пратката ми се води подигната а јас пратка немам подигнато
Ми ја донесоа пратката 2 саати откако им пратив мејл. Значи така си дремела у каргото, многу непрофесионални и резрвд и службата.
Да споделам искуство (додуше допрва ќе ја враќам пратката) Нарачав две хаљини од lulus.com викам ај ок цени беа имаше и некој попуст и гледам пратката ја пратиле по DHL Express. Двете хаљини се 8000 денари вкупно. DHL ми рачуна 3150 денари царина и нивна услуга 1600 денари. Нема проблем.. се мислам да не ја прифатам пратката и се надевам на рефундирање на парите
Јас никогаш повеќе нема да нарачам онлајн. Сите 5 пати во живототв шо иам нарачано, од сите сум разочарана максимално. И толку.
Ако претходно имаш одбиено/пропуштено да примиш 2 или повеќе пратки во краток временски период, може да ти е тргната таа опција. Едит: И за преземање од продавница само онлајн може да се плати.
Не сум одбила нарачка, сум вратила само два производи од една нарачка пред 2 месеци. Направив и нов профил и пак ми ја дава само таа опција, плаќање само со картичка.
Дали бираш достава до адреса или преземање од продавница? Како што пиша и Аника, ако преземаш од продавница мора да се плати со картичка.
Нема врска тоа што си вратила. Ако ја одбираш опцијата да подигнеш од продавница, таа е причината. Ако бираш со достава, тогаш не знам во што може да е проблемот. Можеш да им пишеш меил, обично брзо одговараат, ама сега се неработни денови. support.mk@reserved.com
До нив е. Јас сега пробав да нарачам и кај мене дава можност само за онлајн плаќање. Или им е системска грешка или ги смениле правилата.
Дали од Reserved ако нарачам онлине праќаат од фабрика? Или од продавница? Бев во една од нивните продавници многу ми се свиѓаше едно жолто фустанче ама беше цело со пудра мојот број, има некој искуство
Од магацин праќаат, секогаш се ми стигнувало уредно здиплено и спакувано во кеси, без никакви недостатоци.
Пробувам да направам онлајн плаќање за достава до продавница од Мохито, цело време ми вели неуспешно плаќање, од две различни картички и два различни профили направив. Знае некој што би можело да е проблемот? Им ѕвонев на бројот што им е за контакт не се достапни.